Генерал-мајор Gregory Knight посета на Македонија

Објавено: Четврток, 05 Септември 2024

Во текот на својата посета на нашата земја, Генерал-мајор Gregory Knight со своите соработници го посети Хидробиолошкиот завод, во Охрид.

Повеќе: Генерал-мајор Gregory Knight посета на Македонија

UKLO Annual International Scientific Conference 2024

Објавено: Вторник, 16 Јули 2024

viber image 2024 07 16 09 12 30 222

Амбасадорката на Шведска во посета на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид

Објавено: Петок, 29 Март 2024

На наша огромна чест и задоволство, Амбасадорката на Шведска во РСМ, нејзината екселенција г-ѓа Ami Larsson Jain, на 25.03.2024 год. го посети Хидробиолошки завод, во рамките на Мрежата за искуствено учење. Во нејзина придружба беше и г-ѓа Патриција ДиЏовани претставник на УНИЦЕФ.

viber image 2024 03 29 12 26 47 093

Повеќе: Амбасадорката на Шведска во посета на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид и Универзитетот "Хасан Приштина" во Приштина, Косово

Објавено: Вторник, 19 Декември 2023

На 12.12.2023 година, на наша огромна чест и задоволство, во Приштина, во Ректоратот на Универзитетот "Хасан Приштина" беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид претставуван од директорот д-р Орхидеја Тасевска и Универзитетот, претставуван од ректорот проф. д-р Qerim Qerimi.

Со овој чин се официјализира и продлабочува соработката помеѓу двете институции и се отвараат можности за спроведување на заеднички проекти, размена на искуства и мобилност на научниот кадар.

viber image 2023 12 19 20 41 18 195

Повеќе: Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид и Универзитетот "Хасан...

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ УИНТ „СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ” И ЈНУ ХИДРОБИЛОШКИ ЗАВОД - ОХРИД

Објавено: Сабота, 22 Јули 2023

Меморандумот за соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” - Охрид и Јавната научна установа Хидробилошки Завод - Охрид денес беше потпишан од Проректорката на Универзитетот, проф. д-р Устијана Речкоска- Шикоска и Директорката на Хидробилошкиот Завод, научен советник, д-р Орхидеја Тасевска.

Повеќе: МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ УИНТ „СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ” И ЈНУ ХИДРОБИЛОШКИ ЗАВОД - ОХРИД

Заменик амбасадорот на Кралството Шпанија во посета на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид

Објавено: Петок, 19 Август 2022

Заменик амбасадорот на Кралството Шпанија, г-дин Ernesto Heredero del Campo денес (19.08.2022) го посети ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид.

Повеќе: Заменик амбасадорот на Кралството Шпанија во посета на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид

ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид ја одбележа 130-годишнината од раѓањето на академик Синиша Станковиќ

Објавено: Понеделник, 28 Март 2022

На 26.03.2022 година со свечен собир во куќата на Уранија ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид ја одбележа 130-годишнината од раѓањето на академик Синиша Станковиќ, основоположникот на Заводот, великанот во лимнологијата и во научната мисла воопшто, вљубеник во Охридското Езеро, негов голем познавач и промотор.

говор ЈНУ Хидробиолошки завод д-р О. Тасевска

говор Синиша Станковик- 26.03.2022 Д-р Талевски

Директорката на ЈНУ Хидробиолошки завод, д-р Орхидеја Тасевска во својот говор истакна дека и покрај тоа што првиот пишан податок за Охридското Езеро датира од средината на 19 век кога се поставени темелите на лимнологијата, основањето на оваа институција претставува пресврт во истражувањата на уникатното Охридско Езеро, бидејќи се создадени предуслови за продолжување на систематското проучување на Езерото и богатата флора и фауна со бројни ендемични и реликтни видови. Тогашната Хидробиолошка станица ја премостува Втората светска војна, президиумот на АСНОМ на 04.11.1944 година ја признава како драгоценост за Македонија и се залага за нејзино опстојување. Подоцна станицата ги развива своите потенцијали и прераснува во Завод организиран по угледот на две многу познати лимнолошки станици во Европа (Биолошката станица на Лунцкото Езеро во Австрија и Макс-Планк-овиот завод за лимнологија во Плон, Германија).

Во 1961 година, заводот станува самостојна научна организација која во 1994 година е запишана во регистарот на организации за научно-истражувачка дејност во Р. Македонија, а денес е современа институција од стратешко значење за државата. (линк до говорот на директорот, д-р Тасевска)

Проф. Д-р Трајче Талевски, претседател на Советот на Хидробиолошки завод, говореше за животниот пат и делото на академик Станковиќ. Тој вели: „Во Охрид за првпат Станковиќ дошол како доцент на Белградскиот универзитет. Откако го видел Охридското Езерто станал вљубеник во него, неговиот растителен и животински свет и останал ненадминат познавач на езерскиот жив свет. Сумирајќи ги резултатите од истражувањата во своето значајно дело „Охридското Езеро и неговиот жив свет“, објавено на македонски јазик, проф. Станковиќ донел важни заклучоци за потеклото и за фауната и географското значење на Охридското Езеро. (линк до говорот на д-р Талевски)

Проф. Д-р Александар Трајков, продекан за настава на Факултетот за туризам и угостителство, Охрид, при Универзитетот Св. Климент Охридски, Битола го поздрави собирот и ја истакна долгогодишната соработка со ЈНУ Хидробиолошки завод преку научно-истражувачката работа, но и вклученоста на кадарот од Заводот во образовниот процес на факултетот.

На свечениот настан присуствуваа и д-р Мирјана Михаиловиќ, директор на Институтот за биолошки истражувања Синиша Станковиќ при Универзитетот во Белград, Република Србија и помошник директорот д-р Момир Пауновиќ. Д-р Михаиловиќ изрази огромна благодарност за поканата да бидат дел од настанот за одбележување на јубилејот на академикот кој ги поврзува двете институции и истакна дека се надева на интензивна и плодна соработка. По нејзиниот поздравен говор беше презентиран краток видео материјал подготвен по повод 70 години постоење на Институтот за биолошки истражувања Синиша Станковиќ.

На овој значаен датум за двете институции, беше обновен и меморандумот за соработка помеѓу ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид и Институтот за биолошки истражувања Синиша Станковиќ од Белград.

ohridnews

publicitet.mk

mia.mk