Рецензија за избор во виш научен соработник
Р Е Ф Е Р А Т
ЗА ИЗБОР ВО НАУЧНО ЗВАЊЕ ВИШ НАУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ФАУНА НА ДНО ПРИ ЈНУ ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД-ОХРИД
Советот на ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид, со Решение бр. 02-329/4 од 20.07.2015 година, формира Рецензентска комисија за избор во научно звање Виш научен соработник во Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид во состав:
Д-р Сашо Трајановски, научен советник, ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид;
Д-р Дафина Гушеска, научен советник, ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид;
Д-р Марина Талевска, научен советник, ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид.
Во својство на членови на оваа Комисија, а по разгледување на целокупната потребна документација приложена по објавениот Конкурс, до Советот на ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид го доставуваме следниов:
И З В Е Ш Т А Ј
На распишаниот Конкурс објавен во дневните весници ,,Вечер" и „Коха" од 02.07.2015 година, за избор на научен работник во научно звање Виш научен соработник во Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид се пријави кандидатот д-р Билјана Буџакоска-Ѓореска, вработена како научен соработник во Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид.
Врз основа на конкурсната пријава, биографските податоци и научната активност на кандидатот го констатиравме следново:
1. БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ
Кандидадатот д-р Билјана Буџакоска-Ѓореска е родена на 22.09.1977 година во Охрид. Основното и средното образование го завршила во Охрид. Во учебната 1996/97 година, се запишала на Природно-математичкиот факултет во Скопје, отсек-Биологија, насока-Наставна. Во април 2001 година дипломирала со постигнат просечен успех 8.76.
Летото, 2000-та година во Одделението за фауна на дно во Хидробиолошкиот завод, ја изработила својата дипломска работа со наслов: "Состав на фауната на планариите (Турбеллариа: Трицладида) од Охридското Езеро и неговите крајбрежни води", под непосредно раководство на проф. д-р Јонче Шапкарев, и вработените во оваа лабораторија д-р Здравко Крстановски и д-р Сашо Трајановски. Од мај 2001 година како волонтер во истата лабораторија, активно е вклучена во проучувањето на бенталната фауна од Охридското Езеро.
Во учебната 2001/2002 година, се запишала на постдипломски студии на ПМФ во Скопје, и тоа отсек Биологија, група Еколошко-таксономска. Предвидените испити на постдипломските студии ги положила и при тоа постигнала просечен успех од 8.90.
Од јули 2003 година, Билјана Буџакоска-Ѓореска е вработена во Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод-Охрид, како помлад асистент истражувач со што активно се вклучила во тековните проекти што ја третираат проблематиката од областа на лимнологијата на Охридското Езеро.
На 14.10.2005 година, Билјана Буџакоска-Ѓореска на Институтот за биологија при ПМФ-Скопје, под непосредно раководство на менторот проф. д-р Јонче Шапкарев успешно го одбрани својот магистерски труд под наслов: "Дистрибуција и биоценолошки истражувања на гастроподната фауна (МОЛЛУСЦА: ГАСТРОПОДА) од Охридско Езеро и неговите крајбрежни води" и се здоби со академски степен магистер на биолошки науки- насока еколошко-таксономска.
Во декември 2005 година е избрана во соработничко звање асистент-истражувач во Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид, каде продолжува со проучувањето на фауната на дното од Охридското Езеро, со посебен акцент на проучување на гастроподите како составен дел од макрозообентосот во Езерото.
На 10.10.2012 година, на Институтот за биологија при ПМФ-Скопје, под непосредно раководство на менторот проф. д-р Здравко Крстановски ја одбрани својата докторска дисертација под наслов: "Гастропода од Охридското Езеро и неговите крајбрежни води како објект за развивање на ГИС-базиран мониторинг согласно со ЕУ-директивата за води" и се стекна со академски степен - Доктор на биолошки науки.
На 19.12.2012 година е избрана во научно звање научен соработник во одделението за Фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод во Охрид.
Како резултат на активната научно-истражувачка работа, како автор и коавтор објавила повеќе од 40 научни и стручни трудови публикувани во научни списанија од национален и интернационален карактер.
Резултатите од досегашната научна активност во рамките на повеќе научно-истражувачки проекти како учесник ги има презентирано на конгреси, конференции, симпозиуми, советувања, научни собири и трибини во земјата и странство.
Покрај учеството во научно истражувачки проекти, активно е вклучена и во организирање и реализација на неколку домашни и светски научни собири како: СИАЛ 5 (2009, Специатион ин Анциент Лакес), ГЕЦ (2009, Гроуп оф Еуропеан Цхаропхѕтологистс), Симпозиум за заштита на природните езера во Р. Македонија (2007).
Со Одлука на Советот на Заводот од 11.02.2015 год. е избрана како член во Организацискиот одбор за одбележување на јубилејот 80 години од основањето на ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид (ИИ Симпозиум за Мониторинг, Проценка и Заштита на слатководните екосистеми).
2. НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ
Во согласност со тековните и комплексните лимнолошки истражувања на ЈНУ Хидробиолошки завод, а во рамките на Одделението за фауна на дно, д-р Билјана Буџакоска-Ѓореска е вклучена во проучувањето на фауната на дното од Охридското Езеро, со посебен акцент на проучување на гастроподите како составен дел од макрозообентосот во Езерото. Тоа подразбира нејзино активно вклучување во проучување на техниките на теренското колекционирање на материјалот, обработка на колекционираниот животински материјал; таксономски истражувања - детерминција до ниво на вид, како и детални еколошки истражувања (следење на дистрибуцијата и динамика на густината на фауната на дно како во Езерото така и во неговите крајбрежни води).
2.1. Научни трудови
Кандидатот д-р Билјана Буџакоска-Ѓореска како автор или коавтор од почетокот на нејзината научна кариера до аплицирањето за избор во научно звање виш научен соработник има публикувано повеќе од 40 научни трудови во научни списанија од национален или интернационален карактер. Во продолжение ќе биде даден краток осврт на објавените трудови на кандидатот од последниот избор во научно звање научен соработник.
1. Трајановска, С., Блаžенćиć, Ј., Трајановски, С. анд Будзакоска-Гјореска, Б. 2012: Дисртибутион, морпхологицал вариабилитѕ, ецологѕ анд тхе пресент стате оф тхе Нителла фром Лаке Охрид анд итс сурроундингс. Арцх. Биол. Сци., Белграде, 64 (2), 549-556. (ИФ) 0.356
Во трудот авторите даваат преглед за морфолошката варијабилност, екологијата и состојбата на родот Нителла во Охридското Езеро и неговиот слив. Резултатите авторите ги базираат на истражувањата кои се одвивале во периодот од 2007-2009 година при што биле опфатени вкупно 52 локалитети (профили) во Езерото и неговиот слив. Така, утврдено било дека доминантен вид од родот Нителла е видот Нителла опаца кој се карактеризира со специфична дистрибуција, екологија и морфолошки карактеристики. Во поглед на дистрибуцијата, авторите укажуваат на ареал на хоризонтална дистрибуција во границите од 0.8 м до 410 м оддалеченост од брегот. Утврдено е дека овој вид формира појас на дното на Езерото чија ширина варира во границите од 0.7-236 м. Во однос на вертикалната дистрибуција, утврдено е дека таа е распространета во границите од 0.3 м до 15 м длабочина. Во однос на генералниот статус на овој вид, авторите укажуваат на загрозеноста на видот со оглед на фактот дека во минатото нејзиниот ареал на хоризонтална дистрибуција надвор од Езерото бил многу поголем споредено со актуелната состојба. Авторите укажуваат на значењето од преземање на мерки за заштита на видот преку заштита на неговите хабитати.
2. Schneider, C. S., Cara, M., Eriksen, E. T., Budzakoska-Gjoreska, B., Imeri, A., Kupe, L. Loskoska, T., Patceva, S., Trajanovska, S., Trajanovski, S., Talevska, M., Sarafiloska-Veljanovska, E., 2014. Eutrophication impacts littoral biota in Lake Ohrid while water phosphorus concentrations are low. Limnologica – Ecology and Management of Inland Waters. Volume 44, Page 90-97 (IF) 1.565
Во трудот авторите укажуваат на тоа дека литоралните заедници (макрофити, дијатомеи и макрозообентос) во даден момент можат да акумулираат повеќе фосфор во споредба со концентрациите на фосфор во водата. Генерално, концентрацијата на фосфор во литоралот на Охридското Езеро била ниска, додека сите три анализирани групи организми индицирале ниска еутрофикација што укажувала дека се посензитивни индикатори на нутриентно загадаување од хидрохемијата. Анализите на густината на макрофитите и бентосните алги како и макроинвертебратите заедно со нивните биотски индекси укажувале на мезотрофен до незначителен еутрофен литорален систем каде што нутриентите се инкорпорирани во биомасата на макрофитите и бентосните алги и се пренесуваат преку синџирот на исхрана од бентосните алги и макрофитите до макрозообентосот. Резултатите на авторите во овој труд укажале дека комбинираната употреба на класичните биолошки индекси за еутрофикација и функционалните групи може да биде начин не само да се направи разлика помеѓу олиготрофните и еутрофните системи туку дава и дополнители податоци за тоа дали внесот и изнесот на нутриенти во екосистемот е во рамнотежа. Така, ова може да даде информации за функционирањето и стабилноста на екосистемот и овозможува основа за развој на ,,секундарната генерација,, на индекси за проценка на еколошкиот статус на екосистемот.
3. Budzakoska-Gjoreska, B., Trajanovski S. and Trajanovska S. 2014. Comparative biocenological analysis of Gastropoda on the Macedonian part of Lake Ohrid and its watershed. Journal of Biologia, August 2014, Volume 69, Issue 8, pp. 1023-1029. (IF) 0.696
Во трудот авторите направиле компаративни биоценолошки анализи на гастроподната фауна од Охридското Езеро и неговите крајбрежни води. Различните хабитати се карактеризираат со различен квалитативен состав на гастроподната фауна не само помеѓу Езерото и крајбрежните води туку и во него. Вкупно 50 видови од гастроподите биле регистрирани во литоралниот регион од езерото и неговото сливно подрачје во текот на 2009/2010 година. Истите припаѓаат на подкласата Ортхогастропода (50 видови). 21 вид се регистрирани во крајбрежните води: 13 од нив го населуваат Езерото и крајбрежните води, додека 8 егзистираат само во крајбрежните води. Во смисла на ендемизмот, 17 видови се ендемични и 4 космополитски. Останатите 29 (од регистрираните 50) ја населуваат само литоралната зона на Езерото, од кои 25 се ендемични и 4 космополитски видови. Процентот на ендемизам на видовите од класата Гастропода во Охридското Езеро изнесува 84 %.
2.2. Апстракти
1. Смилјков, С., Бакева, В., Смилјков, З., Безар, Р., анд Будзакоска, Б. 2012: Ecology and dynamics of Chironomidae larvena fauna from the littoral region in Lake Ohrid. 11th Croatian Biological Congress with International Participation, 16th-21th September 2012, Šibenik,Croatia. P-31 pp.76-77
Авторите на овој труд своите истражувања ги фокусирале на одредувањето на биодиверзитетот на хирономидната фауна на десет локалитети во литоралниот регион од Охридското Езеро. Квантитативните анализи покажале дека доминантни видови биле Polypedulum bicrenatum (5504 ind•m-2), Chironomus gr. plumosus (2153 ind·m-2) и Cryptochironomus gr. defectus (1325 ind·m-2) и истите својата максимална популација ја имале на длабочина од 18 м. Од едногодишните истражувања авторите заклучиле дека видот Cryptochironomus gr. defectus има најголема вертикална дистрибуција. Со користење на статистички методи авторите го добиле трендот на доминантни видови на годишно ниво.
2. Трајановски, С. & Будзакоска-Гјореска, Б., 2013. Determining the ecological status of Lake Ohrid based on the research of the benthic fauna (macrozoobenthos). Book of Abstracts.Macedonian Academy of Sciences and Arts, Academy of Sciences of Albania. Regional International Conference The system ''Prespa Lakes-Ohrid Lake" The Actual state – problems and prespective. pp.44
Авторите го одредиле еколошкиот статус на Охридското Езеро врз основа на истражувањата на бенталната фауна кои ги извршиле во текот на 2010/2012 година на 30 локалитети од кои 20 од македонскиот и 10 од албанскиот дел на Езерото. Методите кои ги користеле авторите биле во согласност со Европската директива за води и стандардните методи (структурни индекси: Схаенон Њиенер-ов индекс на диверзитет, индекс на богатство и индекс на хомогенитет) и нивното воведување во систем за класификација на еколошкиот статус во истражуваните локалитети, што е за прв пат во историјата на истражувањето на ова Езеро. Попрецизно во истражувањата во пролет, од 30 локалитети, 13 имале висок еколошки статус, 7 со добар, 6 - умерен и 4 од нив биле со сиромашен еколошки статус (Радожда, река Грашница, река Черава на македонската страна и Мемлиште на албанската страна). Од сите истражувани локалитети во пролетниот период - 20 (или 66%) ги исполниле условите за добар еколошки статус во согласност со Европската директива за води. Исто така, во текот на есента од 30 локалитети, 13 имале висок еколошки статус, 10 со добар, 4 - умерен и 3 од нив биле со сиромашен еколошки статус (Радожда, река Грашница и Трпејца 2 на македонската страна). Од сите истражувани локалитети есента - 23 (или 76%) ги исполниле условите за добар еколошки статус во согласност со Европската директива за води.
3. Трајановски, С., Будзакоска, Б., Кендеров, Лј., Здравески, К., Ботев, И. анд Трицхкова, Т. 2013: Лаке Охрид Трибутариес: Натурал анд Потентиал Еџтендерс оф тхе Инвасиве Специес Магнитуде.4тх ЕСЕНИАС Њорксхоп: Интернатионал он ИАС ин Агрицултурал анд Нон-Агрицултурал Ареас ин ЕСЕНИАС Регион. Çанаккале, Туркеѕ. пп.31
Во овој труд авторите укажале дека улогата на четирите притоки (реките Сатеска, Коселска, Грашница и Черава) заедно со излезот (Река Црн Дрим) е прилично голема во однос на одржувањето на рамнотежата на водата од Охридското Езеро. Од почетокот на седумдесетитте години со интензивирање на индустрискиот развој во сливот на Охридското Езеро, до денес, се чувствувало негативното влијание од притоките врз квалитетот на водата и уништувањето на природните живеалишта во литоралот на Езерото. Сепак, до неодамна, ниту притоките, ниту пак одливот биле сметани како фактори кои може директно да влијаат на воведувањето на туѓите (ненативни) и инвазивни видови.
Целта на истражувањето на авторите била да се утврди постоењето на инвазивни видови од макрозообентосот како и постоењето на услови за нивното воведување. Авторите применувале ЊИСЕР метод низ водотеците: горен тек, среден тек и влез во езерото; и го земале во предвид различното антропогено влијание кое се гледа во промените на квалитетот на водата и хабитатот.
Авторите регистрирале 54 видови од 8 класи (Turbellaria, Oligochaeta, Hirudinea, Bivalvia, Gastropoda, Amphipoda, Isopoda i Insecta) во вкупно 19 локалитети од 7 водотеци од македонскиот дел на сливот на Охридското Езеро. Најголем број од евидентираните видови припаѓале на групата Инсецта во горниот тек на реката Сатеска каде што имало видливи нарушувања на хабитатот. За разлика од горниот тек на реката Сатеска (окарактеризирана со многу добар еколошки статус), вливовите и средните текови на другите реки биле со лош или многу лош еколошки статус (Черава и Грашница).
Иако инвазивни видови од макрозообентосот не биле регистрирани во текот на истражувањата, заради антропогеното влијание како и промената на локалитети со лош еколошки статус во сливот на Охридското Езеро, авторите ја посочуваат потребата од континуирано следење на појавата и влезот на потенцијалните инвазивни видови во сливот на Охридското Езеро.
2.3. Научно-истражувачки проекти
Кандидатот е учесник во реализација на целите на повеќе научно-истражувачки проекти, и тоа:
1. Лимнолошки истражувања на Охридското Езеро (2004-2006);
2. Субаљуатиц спрингс ин анциент Лаке Охрид – ассессмент оф ецологицал импортанце анд антхропогениц цханге (2007/2008);
3. Дреиссена сп. нативе ранге анд рецент инвасионс – цуррент кноњледге, потентиал аппроацхес анд фуртхер ацтионс (2008/2009);
4. Биоценолошки истражувања на макрозообентосот во макрофитска вегетација во Охридско Езеро (2009/2011);
5. Assessment and Management of Dreissena species invasions in the Bulgarian Water Bodies (2009/2011);
6. Developing Ecological Tools according to the European Water Directive (2009/2012);
7. Влијание на трофичката состојба на Охридско Езеро врз продукцијата, биомасата и биодиверзитетот на макрофити (Цхаропхѕта) (2010/2012);
8. Climate Change and Invasive Alien Species – growing threats to biodiversity and ecosystem functionality in ancient Lake Ohrid and its watershed (2012-2014);
9. Мониторинг Програмата за водите од Преспанското Езеро, Реставрација на екосистемот на Преспанското Езеро (2013-2016);
10. Assessment of ecological status according to the Water Framework Directive - intercalibration among Western-Balkan countries (2015-2018).
ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ
Врз основа на изнесеното во овој Извештај, степенот на образование, целокупната научно-истражувачка активност, учеството на конгреси, објавените научни трудови со фактор на влијание (импакт фактор), Рецензентската комисија е на мислење дека кандидатот д-р Билјана Буџакоска-Ѓореска, научен соработник е подобен кандидат за избор во научно звање виш научен соработник.
Затоа, Рецензентската комисија му предлага на Советот при ЈНУ Хидробиолошки завод од Охрид, Д-Р БИЛЈАНА БУЏАКОСКА-ЃОРЕСКА да ја избере во научно звање ВИШ НАУЧЕН СОРАБОТНИК во ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ФАУНА НА ДНО.
РЕЦЕНЗЕНТСКА КОМИСИЈА:
1. Д-р Сашо Трајановски, научен советник при ЈНУ Хидробиолошки завод-Охрид, ср.
2. Д-р Дафина Гушеска, научен советник при ЈНУ Хидробиолошки завод-Охрид, ср.
3. Д-р Марина Талевска, научен советник при ЈНУ Хидробиолошки завод-Охрид, ср.