Претседателката на Р.С. Македонија, проф. д-р Гордана Сиљаноска Давкова го посети Хидробиолошки завод, Охрид
На 13.10.2024 година, ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид го посети претседателката на Р.С. Македонија, проф. д-р Гордана Сиљаноска Давкова.
Со претседателката беше разговарано за постигнувањата и капацитетите на Заводот, но и за предизвиците и проблемите со кои тој се соочува во текот на своето егзистирање.
Исто така, се дискутираше и за целокупната состојба со Охридското Езеро и регионот, во поглед на заканите и можните решенија за зачувување на овој уникатен екосистем.
Претседателката Сиљаноска Давкова истакна:
"Мора да се избориме Охридското Езеро и екосистемот околу него да бидат заштитени и зачувани онака како што ни ги дала природата.
Институцијата која догодина ќе одбележи 90 години од формирањето, а која се грижи за одржување на балансот меѓу човекот и природата е потсетник за важноста за перманентна заштита на екосистемот на Охридското, Преспанското, Дојранското Езеро, но и на сите македонски, регионални и глобални еко системи.
Наша обврска е да создадеме услови науката преку Хидробиолошкиот завод Охрид и другите институции да го спречат нарушувањето на животната средина околу едно од најстарите езера на светот и сите други природни убавини и заштитени подрачја."
Огромна благодарност до претседателката Гордана Сиљановска Давкова за укажаната чест со посетата на најстарата институција од ваков тип на Балканот.
Потполно погодена смислата и сржта на постоењето и делувањето на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид