Амбасадорката на Шведска во посета на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид
На наша огромна чест и задоволство, Амбасадорката на Шведска во РСМ, нејзината екселенција г-ѓа Ami Larsson Jain, на 25.03.2024 год. го посети Хидробиолошки завод, во рамките на Мрежата за искуствено учење. Во нејзина придружба беше и г-ѓа Патриција ДиЏовани претставник на УНИЦЕФ.
Наши гости беа и сите партнерски организации од Мрежата: Ботаничка градина, SZTK Narodna Tehnika Skopje, Едукативен центар за зачувување на природата, National Park Galicica, Биохак лабораторија, Македонско еколошко друштво како и Stuart Kohlhagen експерт за природа и искуствено учење од Австралија и претставници од Resource Environmental Center - REC North Macedonia
И ги претставивме на Амбасадорката активностите кои Институтот ги презема во рамките на МИУ www.mui.mk
Дискутиравме за тоа како ние ги продлабочуваме знаењата за природата, но и љубовта кон неа и каква е нашата улога во будење на свеста за заштита на природата од најмали нозе.
Шведската амбасада Embassy of Sweden in Skopje ја вреднува работата на сите партнери во мрежата, што се покажа и со опремата која беше донирана во изминатиот период.
Благодарност до UNICEF MK за оваа можност