Одделение за зоопланктон
Објавено: Четврток, 28 Јули 2016
Одделението за зоопланктон при ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид основано е во 1951 година. Во периодот од 1950-1986, континуирани истражувања на зоопланктонот се вршени од страна на Д-р Јорданка Серафимова Хаџишче
Научниот кадар во ова одделение е:
Д-р Гоце Костоски научен советник, раководител на одделението |
Д-р Дафина Гушеска научен советник |
Д-р Орхидеја Тасевска виш научен соработник |
Тековни активности:
- Примарна активност на одделението за зоопланктон се континуирани истражувања на зоопланктонот во пелагијалот и литоралот на Охридското Езеро: таксономија, морфологија, екологија и репродукција, и врз основа на добиените резултати, одредување на степенот на стабилност на екосистемот.
- Истражување на животниот циклус на претставниците на Цопепода и Цладоцера од пелагијалот на Охридското Езеро во природни и лабораториски услови: продукција на јајца, ембрионален развиток на јајцата, постембрионален развиток на ларвите (науплиални и копеподидни), смртност на ларвите.
- Одредување на биомасата на претставниците од зоопланктонската заедница.
- Истражување на влијанието на антропогениот фактор врз промени на зоопланктонот во литорални региони на езерото со цел навремено согледување на опасноста од еутрофикација на езерото, како и превземање соодветни мерки за неговата заштита.
- Одредување на зоопланктонски видови од Rotifera, Crustacea (Copepoda, Cladocera) како биоиндикатори на степенот на трофијата на езерската вода
- Истражувања и на Преспанското и Дојранското Езеро.
Апликативни истражувањата:
- Биолошки анализи на водите за пиење во градови од Р. Македонија кои, за преработка, користат површинска сирова вода.
- Биолошки истражувања на сите акумулации(вештачки Езера) во Р. Македонија.
Планирани истражувања:
- Проценка на хранливата вредност на зоопланктонот (одредување на јаглехидрати, протеини и липиди)
- Одредување на интродукцијата на тешки метали во зоопланктонот
- Односот на зоопланктонските промени и исхраната на охридската пастрмка во Охридското Езеро.