Рецензија за физичко хемиски истражувања
РЕФЕРАТ
ЗА ИЗБОР НА ПОМЛАД АСИСТЕНТ - ИСТРАЖУВАЧ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ФИЗИЧКО-ХЕМИСКИ ИСТРАЖУВАЊА ПРИ ЈНУ ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД ОД ОХРИД
Врз основа на конкурсот за вработување на помлад асистент – истражувач во Одделението за физичко-хемиски истражувања во ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид објавен во дневните весници "Вечер" и "Лајм" на ден 16.07.2013 година, Советот на ЈНУ "Хидробиолошки завод" - Охрид на седницата одржана на 17.09.2013 година донесе Одлука со број 02-463/3 за формирање на Рецензентска комисија за избор на помлад асистент – истражувач во Одделението за физичко-хемиски истражувања во следниот состав:
- Д-р Елизабета Велјаноска-Сарафилоска, научен соработник во Одделението за физичко-хемиски истражувања во ЈНУ Хидробиолошки завод во Охрид - претседател,
- Проф. Д-р Трајче Стафилов, редовен професор на ПМФ во Скопје, член,
- Проф. Д-р Момчула Јорданоски, редовен професор на Ветеринарниот факултет во Битола– член.
Комисијата постапувајќи по Одлуката ги разгледа поднесените пријави и приложените документи на кандидатите и ги зеде во предвид сите постигнати резултати во досегашниов период и врз основа на тоа го поднесува следниов: -
И З В Е Ш Т А Ј
На распишаниот конкурс објавен во дневните весници "Вечер" и "Лајм" на ден 16.07.2013 година за вработување на помлад асистент – истражувач во Одделението за физичко-хемиски истражувања во ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид се пријавија 8 (осум) кандидати:
- Павлина Сидорова, дипломиран професор по хемија;
- Ленче Војнеска, дипломиран инженер технолог;
- Силвана Василевска, дипломиран инженер по хемија;
- Јордан Чавдаров, дипломиран инженер по хемија;
- Олга Поповска, дипломиран инженер по хемија, (Магистер на хемиски науки);
- Николина Митреска, дипломиран инженер по хемија;
- Ивана Мицковска, дипломиран инженер по хемија;
- Николина Трпоска, инженер за преработка на анимални производи.
Биографски податоци
1.Кандидатот Павлина Сидорова, дипломиран професор по хемија е родена на 10.12.1985 во Охрид, со место на живеење во ул. "Богомилска" 010А. Средно образование завршила Охрид. Дипломирала на Природно математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, нставна насока на 26.06.2009 година со средна оценка 8,12, при што се стекнал со стручен назив дипломиран професор по хемија.
Работа со копјутери: Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), специјализирани хемиски програми: ChemWin, HyperChem, HMO, Kalzium и интернет програмски пакети.
2. Кандидатот Ленче Војнеска, дипломиран инженер технолог е родена на 13.03.1977 во Охрид, со место на живеење на ул. Момчило Јорданоски бр. 104А - Охрид. Средно образование завршила во УСО Св. Климент Охридски – Охрид, општа гимназија. Дипломирала на Технолошко-металурчкиот факултет Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Базно органско и полимерно инженерство, на 29.06.2009 година со средна оценка 6,51 при што се стекнала со стручен назив Дипломиран инженер технолог од базно органско и полимерно инженерство.
Странски јазици: англиски јазик, грчки јазик.
Работа со копјутери: Microsoft Office (Word, Excel), Corel Draw и интернет.
Кандидатот Ленче Војнеска не ги исполнува условите од член 37 од Законот за научно – истражувачката дејност за избор во звање помлад асистент – истражувач заради немање на просечен успех на студиите од најмалку осум (8).
3. Кандидатот Силвана Василевска, дипломиран инженер по хемија е родена на 23.06.1981 во Струга, со место на живеење нас. Езерски лозја бр. 32 Струга. Средно образование завршила во УСО "Нико Нестор"- Струга. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, насока препаративна на 01.02.2006 година, при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по хемија. Дипломимирала со средна оценка 9,56 и тоа како најдобар студент во генерацијата.
Работно искуство:
Млад истражувач, две години на Институтот по хемија во рамките на проектот "Минерали од Македонија".
Професор по хемија, од 2007-2013 година во ПСУ "Петта приватна гимназија" - Скопје
Раководител во ПСУ "Петта приватна гимназија" - Скопје, одделение Струга, од 2009-2010
Администратор и секретар во ПСУ "Петта приватна гимназија" -одделение Струга, од 2010-2012 година.
Странски јазици: англиски и српски јазик.
Работа со копјутери: Microsoft Office Word, Excel, Powe Point, напредно користење на Microsoft Windows и интернет пребарување.
Научно – истражувачка дејност: P. Makreski, G. Jovanoski, S. Stojanceska, Minerals from Macedonia. XIII. Vibrational spectra of some commonly appearing nesosilocate minerals. J. Mol. Struct., 744-747 (2005) 79-92
Организациски способности: способност за комуникација и тимска работа, способност за прилагодување на променлви работни услови, доверливост, одговорност, амбициозност, рештелност.
4. Кандидатот Јордан Чавдаров, дипломиран инженер по хемија е роден на 20.05.1980 во Охрид, Р. Македонија, со место на живеење на ул. "Славеј Планина" бр. 22 во Охрид. Средно образование завршил во ДСУ "Нико Нестор" Струга. Дипломирал на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, насока препаративна на 18.10.2006 година со средна оценка 7,26 при што се стекнал со стручен назив дипломиран инженер по хемија.
Научно – истражувачка дејност: учество на конференции, семинари
D. Vikič-Topič, LJ. Pejov, J. Čavdarov, Emil Popovski, Syntesis of some new benzamidomethyl cyanides, XVIII comgress of chemist and technologist of Macedonia, Ohrid (2004), OSB-12.
D. Vikič-Topič, LJ. Pejov, J. Čavdarov, Emil Popovski, Syntesis of some new benzamidomethyl cyanides, XVIII comgress of chemist and technologist of Macedonia, Ohrid 23-25 September 2004.
Lj. Pejov, E. Hey-Hawkins, P. Lӧnnke, J. Čavdarov and Emil Popovski, Syntesis, crystal structure and infrared spectroscopic properties of 4-methyl cyanide. A combined experimental and quantum theoretical study. International Scientific Conference, (2005), Blagoevgrad, Bulgaria, Vol.2, 110-115
Lj. Pejov, E. Hey-Hawkins, P. Lӧnnke, J. Čavdarov and Emil Popovski, Syntesis, crystal structure and infrared spectroscopic properties of 4-methyl cyanide. A combined experimental and quantum theoretical study. International Scientific Conference, Blagoevgrad, Bulgaria, 8-11 June 2005
Z.Zdravkovski, J. Čavdarov, Stopper with Interchangeable Septa for SPME, J. Chem. Educ. 2009, 86, 924.
J. Čavdarov, Z.Zdravkovski, Advantages and limitations of solid phase microextraction (SPME), XVIII Congress of Pure and Applied Chemistry for Macedonian students (with international participation), October 8-10, Skopje, 2009.
Странски јазици: англиски јазик - одличнo.
Работа со копјутери: Microsoft Office, Photoshop, Hyperchem, Gaussian, ACDLABS-ChemSketch.
Кандидатот Јордан Чавдаров не ги исполнува условите од член 37 од Законот за научно – истражувачката дејност за избор во звање помлад асистент – истражувач заради немање на просечен успех на студиите од најмалку осум (8).
5. Кандидатот Олга Поповска, дипломиран инженер по хемија е родена на 02.03.1986 год. во Скопје со место на живеење на Бул. Илинден бр. 87/16, Скопје. Средно образование завршила во ДСУ "Панче Арсовски" – општа гимназија Скопје. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, насока применета, поднасока аналитичко-структурна на 10.07.2008 година со средна оценка 9,24 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по хемија. На 30.12.2011. го брани сојот магистерски труд и се стекнува со научен назив магистер на хемиски науки. Во 2012 година се запишува на докторски студии на Технолошко-металуршкиот факултет, студии по технологија во Скопје.
Работно искуство:
Во периодот од 2009-2011 година работи како демонстратор на Институтот по хемија, на Заводот за органска хемија и биохемија, Универзитет "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
Научно-истражувачка дејност:
Објавени трудови:
1. O. Popovska, J. Bogdanov, S. Srbinovska, Assaying diacetyl in sour cream: a complementary spectrophotometric and GC-MS analysis, Yearbook of the faculty of agricultural sciences and food 55 (2010) 105-115.
2. O. Popovska, V. Rafajlovska, Z. Kavrakovski, A review: current analytical methods for determination of ketoconazole in pharmaceutical and biological samples, IJPI's Jpurnal of Analytical Chemistry 3 (2013) 1-14
Презентирани трудови на научни манифестации:
1. O. Popovska, J. Bogdanov,Spectrophotometric determination of diacetyl and aceton in fermented milk products, VIII Congress of Pure and Applied Chemistry of Students from Macedonia (with international participation), 8th-10th October 2009, Skopje, Book of Abstracts, pp 64-65, 2009.
2. O. Popovska, J. Bogdanov, Assaying diacetil in fermented dairy products: a complementary gas chromatographic-mass spectrometric and spectrophotometric analysis, XXI Congres of Chemists and Technologist of Macedonia (with international participation), 23rd-26th September 2010, Ohrid, Book of Abstracts, pp 109, 2010.
3. O. Popovska, J. Bogdanov, Development of a GC-MS method for the determination of diacetil in fermented milk products, IX Congress of Pure and Applied Chemistry of Students from Macedonia (with international participation), 6th-8th October 2011, Skopje, Book of Abstracts, p. 35, 2011.
Странски јазици: англиски јазик, германски јазик
Работа со копјутери: Microsoft Office, Chem Window, HyperChem, Statgraphics Plus, Bio-Rad Laboratories, GRAMS и интернет.
6. Кандидатот Николина Митреска, дипломиран инженер по хемија е родена на 10.03.1988 год. во Охрид, со место на живеење во нас. Р. Новичиќ бр. 72 Охрид. Средно образование завршила во Гимназија "Св. Климент Охридси" – Охрид. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, насока аналитичка-биохемија на 25.11.2011 година со средна оценка 9,65 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по хемија. Во 2012 година се запишува на постдипломски студии на Природно-математички факултет, при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Во 2012 година е прогласена за најдобар студент во редовните четиригодини студии на ПМФ, студии по хемија (период на студирање 4 години, 1 месец и 24 дена).
Работно искуство:
1. Практикант во биохемиска лабораторија "Дарон"-Охрид (за време на летниот период 2010).
2. Демонстратор на Институтот за хемија на Природно-математички факултет - Скопје -за време на зимскот семестар 2011/2012)
3. Демонстратор на Институтот за хемија на Природно-математички факултет - Скопје -(за време на летниот семестар 2011/2012)
4. Практикант во биохемиска лабораторија во Здравствен Дом-Охрид
5. Демонстратор на Институтот за хемија на Природно-математички факултет - Скопје -(за време на зимскот семестар 2012/2013)
Научно истражувачка работа:
Nikolina Mitreska, Valentin Mirceski, Redox chemistry of ubiquinones in the presence of nucleophilic thiol reagent. Workshop “Sensors” Skopje, Macedonia, 08-12 October, 2012 (Stability Pact for South Eastern Europe Sponsored by Germany).
Nikolina Mitreska, Valentin Mirceski, Redox chemistry of ubiquinones in the presence of nucleophilic thiol reagent.XXII Congres of Chemist and Tehnologists of Macedonia. Skopje 2012
Прва награда за постер презентација на работилницата на тема :“From Molecules to Functionalised Materials” во рамките на проектот Academic Reconstruction of South Eastern Europe, програма: International Master and Postgraduate Programme in Materials Science And Catalysis (MatCatNet), поддржано од DAAD (Германска академска организација за размена на студенти).
Странски јазици: англиски јазик-одлично, српски и хрватски-длично, германски - одлично.
Работа со копјутери: Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), Internet (за комуникација, универзитетски активности, пребарувања), Sirius 1.2, Gel proanalyzer 1.2, Chemwindows.
7. Кандидатот Ивана Мицковска, дипломиран инженер по хемија е родена на 08.02.1989 год. во Охрид, со место на живеење на ул. "Даме Груев" бр. 256/1 во Охрид. Средно образование завршила во Гимназија "Св. Климент Охридси" – Охрид. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, насока применета хемија, поднасока аналитичко-структурна на 13.11.2012 година со средна оценка 8,28 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по хемија. Во 2012 година се запишува на постдипломски студии на Природно-математички факултет, при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, насока применета хемија.
Странски јазици: англиски јазик-одлично, германски - добро.
Работа со копјутери: Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), Internet и ChemWindows.
8. Кандидатот Николина Трпоска, дипломиран инженер по преработка на анимални производи е родена на 10.11.1986 год. во Струга, со место на живеење на ул. "Даме Груев" бр. 194 во Охрид. Средно образование завршила во ДСМУ Др. Јован Калаузи во Битола. Дипломирала на Факултетот за биотехнички науки, Универзитет "Св. Климент Охридски" во Битола, отсек Преработка на анимални производи на 01.07.2009 година со средна оценка 9,16 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по преработка на анмални производи. Во 2010 година се запишува на постдипломски студии на Факултетот за биотехнички науки, Универзитет "Св. Климент Охридски" во Битола.
Работно искуство:
1. Од септември 2010-јули 2013 година работи како стоматолошки асистент во ПЗУ Др.Анита Главинчева Цветаноска, на ул. "Даме Груев" бр. 104 во Охрид.
2. Од мај 2008-октомври 2008 година работи во Хотел Бисер-Струга, активности за деца во хотелски клуб (рекреативни активности за деца).
Странски јазици: англиски, француски и српски јазик.
Работа со копјутери: Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), Internet My Mouth и други апликативни програми.
Кандидатот Николина Трпоска не ги исполнува условите за завршено соодетно високо образование од областа на природните науки - хемија, кои се бараат соконкурсот.
З А К Л У Ч О К И П Р Е Д Л О Г
Поаѓајќи од горе изнесените податоци презентирани во поднесените пријави, како и од целокупната приложена документација на кандидатите, а во согласност со законските прописи од Законот за научно-истражувачка дејност (Сл. Весник на Р.Македонија бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011 и 80/2012), како и врз основа на Статутот на ЈНУ "Хидробиолошки завод",Рецензентската комисија со особено задоволство му предлага на Советот на ЈНУ Хидробиолошки заводда го избере кандидатот Силвана Василевска во звање помлад асистент-истражувач во Одделението за физичко-хемиски истражувања. Комисијата смета дека овој кандидат ќе даде солиден придонес и ќе го продолжи континуитетот на научно-истражувачката работа во одделението, односно со интензивна работа и ангажираност кандидатот ќе ги оправда очекувањата во проширувањето и надоградувањето на истражувањата во лабораторијата за физичко-хемиски истражувања на водата, усовршувањето на инструменталните техники, како и допринос во работата со целокупната софистицирана опрема со која располага оваа лабораторија.
Членови на рецензентска комисија:
Д-р Елизабета Велјаноска-Сарафилоска,
научен соработник во ЈНУ Хидробиолоки завод
во Охрид – претседател,с.р.
Проф. Д-р Трајче Стафилов, редовен професор Природно-математички факултет – член, с.р.
Проф. Д-р Момчула Јорданоски, редовен професор
Ветеринарниот факултет во Битола– член, с.р.