Г-дин Филип Андерсон и г-дин Зоран Костовски, го посетија ЈНУ Худробиолошки завод - Охрид на 20 март 2025 год.
Објавено: Четврток, 20 Март 2025
Г-дин Филип Андерсон (Phillip G. Anderson), заменик амбасадор на Австралија од Австралиската амбасада во Белград, во придружба на почесниот конзул од Австралискиот конзулат во Р.С.М., г-дин Зоран Костовски, го посетија ЈНУ Худробиолошки завод - Охрид на 20 март 2025 год.
Заменик амбасадорот, воодушевен од убавините на Охридското Езеро, беше запознаен со неговите особености, уникатност и значење. Во исто време се запозна и со историјата и активностите на нашата институција, но се разгледуваа и можностите за остварување соработка со сродни институти и универзитети во Австралија.