Мониторинг на популациите на пастрмките од Охридското Езеро II

Објавено: Понеделник, 13 Декември 2021

Извештајот за Мониторинг на популациите на пастрмките од Охридското Езеро II може да се симне тука.

ТЕХНИЧКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПИЛОТ МОНИТОРИНГОТ НА ПОПУЛАЦИИТЕ НА ПАСТРМКИТЕ ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И НЕГОВИОТ СЛИВ

Објавено: Понеделник, 03 Февруари 2020

Документот можете да го превземете на следниот линк.

Одделение за салмонидна фауна, применето рибарство и аквакултура

Објавено: Четврток, 28 Јули 2016

Од самото основање на Институтот во 1935 година, мрестилиштето и растилиштето за пастрмски видови со капацитет од 5 милиони зрна икра, ларви и подмладок на една од ендемските пастрмки од Охридското Езеро (Salmo letnica, Karaman 1924) се вклучени како аквакултурна активност за порибување на Езерото. Во периодот од осум децении во рамките на овој процес се развивани различни пристапи и унапредување од аспект на заштита (конзервација) и реставрација на слатководни видови риби; бројот на оплодени зрна икра и одгледан подмладок варирал до 16 милиони на средно годишно ниво. Во одделни периоди овој број надминувал и 20 милиони. До 2004 година уловените матици за вештачки мрест во просечен износ од 25 тони завршуваа на пазарот. Од 2005 година Охридското Езеро се порибува со 2,5 милиони единки подмладок на возраст од 9 месеци по оплодување на икрата, сите уловени матици се враќаат во водите на Езерото по принципот „фати пушти“ со докажување за нивниот опстанок по пат на соодветно нивно маркирање.

Повеќе: Одделение за салмонидна фауна, применето рибарство и аквакултура