Генерал-мајор Gregory Knight посета на Македонија
Во текот на својата посета на нашата земја, Генерал-мајор Gregory Knight со своите соработници го посети Хидробиолошкиот завод, во Охрид.
Во исклучително пријатна и пријателска атмосфера, генералот беше запознаен со уникатноста на Охридското Езеро и неговото огромно глобално значење, но и со заканите и притисоците на кои тоа е изложено. Во исто време разговаравме за активностите и проектите на институтот, како и за проблемите и предизвиците со кои се соочуваме и покрај епитетот најстара научна установа од ваков тип на Балканот и стратешки партнер на државата.
Генералот ја изрази својата спремност да помогне во обновување и продлабочување на соработката со сродни институции во САД и изнаоѓање соодветни инструменти за поддршка и помош на Институтот и Езерото.
Ваквите посети само покажуваат дека ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид го добива зслуженото внимание и признание за својата работа, за што сме особено горди.