Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз во посета на ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид.

Објавено: Сабота, 07 Август 2021

Денес (05.08.2021 година) американската амбасадорка Кејт Мери Брнз ја посети Јавната научна установа Хидробиолошки завод - Охрид.

За време на посетата на амбасадорката и беа презентирани интересни податоци за Охридското Езеро како уникатен акватичен екосистем, неговиот жив свет и ендемизмот. Исто така таа беше запознаена и со историјата и дејноста на Институтот, неговата организациска поставеност и управување, изведувањето на вештачкиот мрест на охридската пастрмка, проектите, како и тековните и идните активности во насока на заштита  на биодиверзитетот и екосистемот во целост.

На средбата беа разгледани можностите за поврзување на Хидробиолошкиот завод со сродни институции од САД, со цел остварување на соработка и размена на студенти и научни работници.

viber image 2021 08 06 14 46 10 287

viber image 2021 08 06 14 46 21 211

viber image 2021 08 06 14 46 30 690

viber image 2021 08 06 14 46 42 004

viber image 2021 08 06 14 47 13 638

viber image 2021 08 06 14 47 22 737

viber image 2021 08 06 14 47 32 295