Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз во посета на ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид.
Денес (05.08.2021 година) американската амбасадорка Кејт Мери Брнз ја посети Јавната научна установа Хидробиолошки завод - Охрид.
За време на посетата на амбасадорката и беа презентирани интересни податоци за Охридското Езеро како уникатен акватичен екосистем, неговиот жив свет и ендемизмот. Исто така таа беше запознаена и со историјата и дејноста на Институтот, неговата организациска поставеност и управување, изведувањето на вештачкиот мрест на охридската пастрмка, проектите, како и тековните и идните активности во насока на заштита на биодиверзитетот и екосистемот во целост.
На средбата беа разгледани можностите за поврзување на Хидробиолошкиот завод со сродни институции од САД, со цел остварување на соработка и размена на студенти и научни работници.