Заменик амбасадорот на Кралството Шпанија во посета на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид
Заменик амбасадорот на Кралството Шпанија, г-дин Ernesto Heredero del Campo денес (19.08.2022) го посети ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид.
На средбата со директорката д-р Орхидеја Тасевска, беше разговарано за историјата, мисијата и значењето на Институтот во креирањето на политиките за заштита на животната средина и природата воопшто. Заменик амбасадорот беше запознаен со активностите и заложбите на научниот кадар за проучување, заштита и промоција на охридскиот регион и неговите природни вредности, особено на Охридското Езеро како уникатен акватичен екосистем. Воедно се обрна внимание и на прашањето за зачувување на статусот на УНЕСКО и улогата на Институтот како една од засегнатите страни, но и водечки институции во регионот. Со цел продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете земји, заменик амбасадорот ја истакна волјата на Кралство Шпанија да поддржи и финансира проекти поврзани со наука, заштита, едукација и прашања засегнати со УНЕСКО и со огромно задоволство го покани Хидробиолошкиот завод да настапи со свој предлог проект. Во исто време, амбасадата ќе помогне во воспоставување контакти и потпишување меморандуми за соработка со сродни институции и универзитети од Шпанија.
Средбата заврши со изразување на взаемно задоволство од остварувањето на првите контакти и можноста за долгорочна соработка.