Рецензија Благоја Трајчевски

Објавено: Понеделник, 31 Декември 2018

рецензија Благоја Трајчевски 1рецензија Благоја Трајчевски 2рецензија Благоја Трајчевски 3рецензија Благоја Трајчевски 4рецензија Благоја Трајчевски 4рецензија Благоја Трајчевски 5рецензија Благоја Трајчевски 6рецензија Благоја Трајчевски 7

Рецензија за избор во виш научен соработник

Објавено: Среда, 26 Август 2015

Р Е Ф Е Р А Т

ЗА ИЗБОР ВО НАУЧНО ЗВАЊЕ ВИШ НАУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ФАУНА НА ДНО ПРИ ЈНУ ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД-ОХРИД

Советот на ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид, со Решение бр. 02-329/4 од 20.07.2015 година, формира Рецензентска комисија за избор во научно звање Виш научен соработник во Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид во состав:

Д-р Сашо Трајановски, научен советник, ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид;
Д-р Дафина Гушеска, научен советник, ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид;
Д-р Марина Талевска, научен советник, ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид.

Во својство на членови на оваа Комисија, а по разгледување на целокупната потребна документација приложена по објавениот Конкурс, до Советот на ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид го доставуваме следниов:

И З В Е Ш Т А Ј

На распишаниот Конкурс објавен во дневните весници ,,Вечер" и „Коха" од 02.07.2015 година, за избор на научен работник во научно звање Виш научен соработник во Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид се пријави кандидатот д-р Билјана Буџакоска-Ѓореска, вработена како научен соработник во Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид.

Врз основа на конкурсната пријава, биографските податоци и научната активност на кандидатот го констатиравме следново:

1. БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

Кандидадатот д-р Билјана Буџакоска-Ѓореска е родена на 22.09.1977 година во Охрид. Основното и средното образование го завршила во Охрид. Во учебната 1996/97 година, се запишала на Природно-математичкиот факултет во Скопје, отсек-Биологија, насока-Наставна. Во април 2001 година дипломирала со постигнат просечен успех 8.76.
Летото, 2000-та година во Одделението за фауна на дно во Хидробиолошкиот завод, ја изработила својата дипломска работа со наслов: "Состав на фауната на планариите (Турбеллариа: Трицладида) од Охридското Езеро и неговите крајбрежни води", под непосредно раководство на проф. д-р Јонче Шапкарев, и вработените во оваа лабораторија д-р Здравко Крстановски и д-р Сашо Трајановски. Од мај 2001 година како волонтер во истата лабораторија, активно е вклучена во проучувањето на бенталната фауна од Охридското Езеро.
Во учебната 2001/2002 година, се запишала на постдипломски студии на ПМФ во Скопје, и тоа отсек Биологија, група Еколошко-таксономска. Предвидените испити на постдипломските студии ги положила и при тоа постигнала просечен успех од 8.90.
Од јули 2003 година, Билјана Буџакоска-Ѓореска е вработена во Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод-Охрид, како помлад асистент истражувач со што активно се вклучила во тековните проекти што ја третираат проблематиката од областа на лимнологијата на Охридското Езеро.
На 14.10.2005 година, Билјана Буџакоска-Ѓореска на Институтот за биологија при ПМФ-Скопје, под непосредно раководство на менторот проф. д-р Јонче Шапкарев успешно го одбрани својот магистерски труд под наслов: "Дистрибуција и биоценолошки истражувања на гастроподната фауна (МОЛЛУСЦА: ГАСТРОПОДА) од Охридско Езеро и неговите крајбрежни води" и се здоби со академски степен магистер на биолошки науки- насока еколошко-таксономска.
Во декември 2005 година е избрана во соработничко звање асистент-истражувач во Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид, каде продолжува со проучувањето на фауната на дното од Охридското Езеро, со посебен акцент на проучување на гастроподите како составен дел од макрозообентосот во Езерото.
На 10.10.2012 година, на Институтот за биологија при ПМФ-Скопје, под непосредно раководство на менторот проф. д-р Здравко Крстановски ја одбрани својата докторска дисертација под наслов: "Гастропода од Охридското Езеро и неговите крајбрежни води како објект за развивање на ГИС-базиран мониторинг согласно со ЕУ-директивата за води" и се стекна со академски степен - Доктор на биолошки науки.
На 19.12.2012 година е избрана во научно звање научен соработник во одделението за Фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод во Охрид.
Како резултат на активната научно-истражувачка работа, како автор и коавтор објавила повеќе од 40 научни и стручни трудови публикувани во научни списанија од национален и интернационален карактер.
Резултатите од досегашната научна активност во рамките на повеќе научно-истражувачки проекти како учесник ги има презентирано на конгреси, конференции, симпозиуми, советувања, научни собири и трибини во земјата и странство.
Покрај учеството во научно истражувачки проекти, активно е вклучена и во организирање и реализација на неколку домашни и светски научни собири како: СИАЛ 5 (2009, Специатион ин Анциент Лакес), ГЕЦ (2009, Гроуп оф Еуропеан Цхаропхѕтологистс), Симпозиум за заштита на природните езера во Р. Македонија (2007).
Со Одлука на Советот на Заводот од 11.02.2015 год. е избрана како член во Организацискиот одбор за одбележување на јубилејот 80 години од основањето на ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид (ИИ Симпозиум за Мониторинг, Проценка и Заштита на слатководните екосистеми).

2. НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ

Во согласност со тековните и комплексните лимнолошки истражувања на ЈНУ Хидробиолошки завод, а во рамките на Одделението за фауна на дно, д-р Билјана Буџакоска-Ѓореска е вклучена во проучувањето на фауната на дното од Охридското Езеро, со посебен акцент на проучување на гастроподите како составен дел од макрозообентосот во Езерото. Тоа подразбира нејзино активно вклучување во проучување на техниките на теренското колекционирање на материјалот, обработка на колекционираниот животински материјал; таксономски истражувања - детерминција до ниво на вид, како и детални еколошки истражувања (следење на дистрибуцијата и динамика на густината на фауната на дно како во Езерото така и во неговите крајбрежни води).

2.1. Научни трудови

Кандидатот д-р Билјана Буџакоска-Ѓореска како автор или коавтор од почетокот на нејзината научна кариера до аплицирањето за избор во научно звање виш научен соработник има публикувано повеќе од 40 научни трудови во научни списанија од национален или интернационален карактер. Во продолжение ќе биде даден краток осврт на објавените трудови на кандидатот од последниот избор во научно звање научен соработник.

1. Трајановска, С., Блаžенćиć, Ј., Трајановски, С. анд Будзакоска-Гјореска, Б. 2012: Дисртибутион, морпхологицал вариабилитѕ, ецологѕ анд тхе пресент стате оф тхе Нителла фром Лаке Охрид анд итс сурроундингс. Арцх. Биол. Сци., Белграде, 64 (2), 549-556. (ИФ) 0.356

Во трудот авторите даваат преглед за морфолошката варијабилност, екологијата и состојбата на родот Нителла во Охридското Езеро и неговиот слив. Резултатите авторите ги базираат на истражувањата кои се одвивале во периодот од 2007-2009 година при што биле опфатени вкупно 52 локалитети (профили) во Езерото и неговиот слив. Така, утврдено било дека доминантен вид од родот Нителла е видот Нителла опаца кој се карактеризира со специфична дистрибуција, екологија и морфолошки карактеристики. Во поглед на дистрибуцијата, авторите укажуваат на ареал на хоризонтална дистрибуција во границите од 0.8 м до 410 м оддалеченост од брегот. Утврдено е дека овој вид формира појас на дното на Езерото чија ширина варира во границите од 0.7-236 м. Во однос на вертикалната дистрибуција, утврдено е дека таа е распространета во границите од 0.3 м до 15 м длабочина. Во однос на генералниот статус на овој вид, авторите укажуваат на загрозеноста на видот со оглед на фактот дека во минатото нејзиниот ареал на хоризонтална дистрибуција надвор од Езерото бил многу поголем споредено со актуелната состојба. Авторите укажуваат на значењето од преземање на мерки за заштита на видот преку заштита на неговите хабитати.

2. Schneider, C. S., Cara, M., Eriksen, E. T., Budzakoska-Gjoreska, B., Imeri, A., Kupe, L. Loskoska, T., Patceva, S., Trajanovska, S., Trajanovski, S., Talevska, M., Sarafiloska-Veljanovska, E., 2014. Eutrophication impacts littoral biota in Lake Ohrid while water phosphorus concentrations are low. Limnologica – Ecology and Management of Inland Waters. Volume 44, Page 90-97 (IF) 1.565

Во трудот авторите укажуваат на тоа дека литоралните заедници (макрофити, дијатомеи и макрозообентос) во даден момент можат да акумулираат повеќе фосфор во споредба со концентрациите на фосфор во водата. Генерално, концентрацијата на фосфор во литоралот на Охридското Езеро била ниска, додека сите три анализирани групи организми индицирале ниска еутрофикација што укажувала дека се посензитивни индикатори на нутриентно загадаување од хидрохемијата. Анализите на густината на макрофитите и бентосните алги како и макроинвертебратите заедно со нивните биотски индекси укажувале на мезотрофен до незначителен еутрофен литорален систем каде што нутриентите се инкорпорирани во биомасата на макрофитите и бентосните алги и се пренесуваат преку синџирот на исхрана од бентосните алги и макрофитите до макрозообентосот. Резултатите на авторите во овој труд укажале дека комбинираната употреба на класичните биолошки индекси за еутрофикација и функционалните групи може да биде начин не само да се направи разлика помеѓу олиготрофните и еутрофните системи туку дава и дополнители податоци за тоа дали внесот и изнесот на нутриенти во екосистемот е во рамнотежа. Така, ова може да даде информации за функционирањето и стабилноста на екосистемот и овозможува основа за развој на ,,секундарната генерација,, на индекси за проценка на еколошкиот статус на екосистемот.

3. Budzakoska-Gjoreska, B., Trajanovski S. and Trajanovska S. 2014. Comparative biocenological analysis of Gastropoda on the Macedonian part of Lake Ohrid and its watershed. Journal of Biologia, August 2014, Volume 69, Issue 8, pp. 1023-1029. (IF) 0.696

Во трудот авторите направиле компаративни биоценолошки анализи на гастроподната фауна од Охридското Езеро и неговите крајбрежни води. Различните хабитати се карактеризираат со различен квалитативен состав на гастроподната фауна не само помеѓу Езерото и крајбрежните води туку и во него. Вкупно 50 видови од гастроподите биле регистрирани во литоралниот регион од езерото и неговото сливно подрачје во текот на 2009/2010 година. Истите припаѓаат на подкласата Ортхогастропода (50 видови). 21 вид се регистрирани во крајбрежните води: 13 од нив го населуваат Езерото и крајбрежните води, додека 8 егзистираат само во крајбрежните води. Во смисла на ендемизмот, 17 видови се ендемични и 4 космополитски. Останатите 29 (од регистрираните 50) ја населуваат само литоралната зона на Езерото, од кои 25 се ендемични и 4 космополитски видови. Процентот на ендемизам на видовите од класата Гастропода во Охридското Езеро изнесува 84 %.

2.2. Апстракти

1. Смилјков, С., Бакева, В., Смилјков, З., Безар, Р., анд Будзакоска, Б. 2012: Ecology and dynamics of Chironomidae larvena fauna from the littoral region in Lake Ohrid. 11th Croatian Biological Congress with International Participation, 16th-21th September 2012, Šibenik,Croatia. P-31 pp.76-77

Авторите на овој труд своите истражувања ги фокусирале на одредувањето на биодиверзитетот на хирономидната фауна на десет локалитети во литоралниот регион од Охридското Езеро. Квантитативните анализи покажале дека доминантни видови биле Polypedulum bicrenatum (5504 ind•m-2), Chironomus gr. plumosus (2153 ind·m-2) и Cryptochironomus gr. defectus (1325 ind·m-2) и истите својата максимална популација ја имале на длабочина од 18 м. Од едногодишните истражувања авторите заклучиле дека видот Cryptochironomus gr. defectus има најголема вертикална дистрибуција. Со користење на статистички методи авторите го добиле трендот на доминантни видови на годишно ниво.

2. Трајановски, С. & Будзакоска-Гјореска, Б., 2013. Determining the ecological status of Lake Ohrid based on the research of the benthic fauna (macrozoobenthos). Book of Abstracts.Macedonian Academy of Sciences and Arts, Academy of Sciences of Albania. Regional International Conference The system ''Prespa Lakes-Ohrid Lake" The Actual state – problems and prespective. pp.44

Авторите го одредиле еколошкиот статус на Охридското Езеро врз основа на истражувањата на бенталната фауна кои ги извршиле во текот на 2010/2012 година на 30 локалитети од кои 20 од македонскиот и 10 од албанскиот дел на Езерото. Методите кои ги користеле авторите биле во согласност со Европската директива за води и стандардните методи (структурни индекси: Схаенон Њиенер-ов индекс на диверзитет, индекс на богатство и индекс на хомогенитет) и нивното воведување во систем за класификација на еколошкиот статус во истражуваните локалитети, што е за прв пат во историјата на истражувањето на ова Езеро. Попрецизно во истражувањата во пролет, од 30 локалитети, 13 имале висок еколошки статус, 7 со добар, 6 - умерен и 4 од нив биле со сиромашен еколошки статус (Радожда, река Грашница, река Черава на македонската страна и Мемлиште на албанската страна). Од сите истражувани локалитети во пролетниот период - 20 (или 66%) ги исполниле условите за добар еколошки статус во согласност со Европската директива за води. Исто така, во текот на есента од 30 локалитети, 13 имале висок еколошки статус, 10 со добар, 4 - умерен и 3 од нив биле со сиромашен еколошки статус (Радожда, река Грашница и Трпејца 2 на македонската страна). Од сите истражувани локалитети есента - 23 (или 76%) ги исполниле условите за добар еколошки статус во согласност со Европската директива за води.

3. Трајановски, С., Будзакоска, Б., Кендеров, Лј., Здравески, К., Ботев, И. анд Трицхкова, Т. 2013: Лаке Охрид Трибутариес: Натурал анд Потентиал Еџтендерс оф тхе Инвасиве Специес Магнитуде.4тх ЕСЕНИАС Њорксхоп: Интернатионал он ИАС ин Агрицултурал анд Нон-Агрицултурал Ареас ин ЕСЕНИАС Регион. Çанаккале, Туркеѕ. пп.31

Во овој труд авторите укажале дека улогата на четирите притоки (реките Сатеска, Коселска, Грашница и Черава) заедно со излезот (Река Црн Дрим) е прилично голема во однос на одржувањето на рамнотежата на водата од Охридското Езеро. Од почетокот на седумдесетитте години со интензивирање на индустрискиот развој во сливот на Охридското Езеро, до денес, се чувствувало негативното влијание од притоките врз квалитетот на водата и уништувањето на природните живеалишта во литоралот на Езерото. Сепак, до неодамна, ниту притоките, ниту пак одливот биле сметани како фактори кои може директно да влијаат на воведувањето на туѓите (ненативни) и инвазивни видови.
Целта на истражувањето на авторите била да се утврди постоењето на инвазивни видови од макрозообентосот како и постоењето на услови за нивното воведување. Авторите применувале ЊИСЕР метод низ водотеците: горен тек, среден тек и влез во езерото; и го земале во предвид различното антропогено влијание кое се гледа во промените на квалитетот на водата и хабитатот.
Авторите регистрирале 54 видови од 8 класи (Turbellaria, Oligochaeta, Hirudinea, Bivalvia, Gastropoda, Amphipoda, Isopoda i Insecta) во вкупно 19 локалитети од 7 водотеци од македонскиот дел на сливот на Охридското Езеро. Најголем број од евидентираните видови припаѓале на групата Инсецта во горниот тек на реката Сатеска каде што имало видливи нарушувања на хабитатот. За разлика од горниот тек на реката Сатеска (окарактеризирана со многу добар еколошки статус), вливовите и средните текови на другите реки биле со лош или многу лош еколошки статус (Черава и Грашница).
Иако инвазивни видови од макрозообентосот не биле регистрирани во текот на истражувањата, заради антропогеното влијание како и промената на локалитети со лош еколошки статус во сливот на Охридското Езеро, авторите ја посочуваат потребата од континуирано следење на појавата и влезот на потенцијалните инвазивни видови во сливот на Охридското Езеро.

2.3. Научно-истражувачки проекти

Кандидатот е учесник во реализација на целите на повеќе научно-истражувачки проекти, и тоа:

1. Лимнолошки истражувања на Охридското Езеро (2004-2006);
2. Субаљуатиц спрингс ин анциент Лаке Охрид – ассессмент оф ецологицал импортанце анд антхропогениц цханге (2007/2008);
3. Дреиссена сп. нативе ранге анд рецент инвасионс – цуррент кноњледге, потентиал аппроацхес анд фуртхер ацтионс (2008/2009);
4. Биоценолошки истражувања на макрозообентосот во макрофитска вегетација во Охридско Езеро (2009/2011);
5. Assessment and Management of Dreissena species invasions in the Bulgarian Water Bodies (2009/2011);
6. Developing Ecological Tools according to the European Water Directive (2009/2012);
7. Влијание на трофичката состојба на Охридско Езеро врз продукцијата, биомасата и биодиверзитетот на макрофити (Цхаропхѕта) (2010/2012);
8. Climate Change and Invasive Alien Species – growing threats to biodiversity and ecosystem functionality in ancient Lake Ohrid and its watershed (2012-2014);
9. Мониторинг Програмата за водите од Преспанското Езеро, Реставрација на екосистемот на Преспанското Езеро (2013-2016);
10. Assessment of ecological status according to the Water Framework Directive - intercalibration among Western-Balkan countries (2015-2018).

ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ

Врз основа на изнесеното во овој Извештај, степенот на образование, целокупната научно-истражувачка активност, учеството на конгреси, објавените научни трудови со фактор на влијание (импакт фактор), Рецензентската комисија е на мислење дека кандидатот д-р Билјана Буџакоска-Ѓореска, научен соработник е подобен кандидат за избор во научно звање виш научен соработник.
Затоа, Рецензентската комисија му предлага на Советот при ЈНУ Хидробиолошки завод од Охрид, Д-Р БИЛЈАНА БУЏАКОСКА-ЃОРЕСКА да ја избере во научно звање ВИШ НАУЧЕН СОРАБОТНИК во ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ФАУНА НА ДНО.

РЕЦЕНЗЕНТСКА КОМИСИЈА:

1. Д-р Сашо Трајановски, научен советник при ЈНУ Хидробиолошки завод-Охрид, ср.

2. Д-р Дафина Гушеска, научен советник при ЈНУ Хидробиолошки завод-Охрид, ср.

3. Д-р Марина Талевска, научен советник при ЈНУ Хидробиолошки завод-Охрид, ср.

Рецензија за физичко хемиски истражувања

Објавено: Недела, 15 Март 2015

 РЕФЕРАТ

ЗА ИЗБОР НА ПОМЛАД АСИСТЕНТ - ИСТРАЖУВАЧ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ФИЗИЧКО-ХЕМИСКИ ИСТРАЖУВАЊА ПРИ ЈНУ ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД ОД ОХРИД

Врз основа на конкурсот за вработување на помлад асистент – истражувач во Одделението за физичко-хемиски истражувања во ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид објавен во дневните весници "Вечер" и "Лајм" на ден 16.07.2013 година, Советот на ЈНУ "Хидробиолошки завод" - Охрид на седницата одржана на 17.09.2013 година донесе Одлука со број 02-463/3 за формирање на Рецензентска комисија за избор на помлад асистент – истражувач во Одделението за физичко-хемиски истражувања во следниот состав:

  1. Д-р Елизабета Велјаноска-Сарафилоска, научен соработник во Одделението за физичко-хемиски истражувања во ЈНУ Хидробиолошки завод во Охрид - претседател,
  2. Проф. Д-р Трајче Стафилов, редовен професор на ПМФ во Скопје, член,
  3. Проф. Д-р Момчула Јорданоски, редовен професор на Ветеринарниот факултет во Битола– член.

Комисијата постапувајќи по Одлуката ги разгледа поднесените пријави и приложените документи на кандидатите и ги зеде во предвид сите постигнати резултати во досегашниов период и врз основа на тоа го поднесува следниов: -

И З В Е Ш Т А Ј

            На распишаниот конкурс објавен во дневните весници "Вечер" и "Лајм" на ден 16.07.2013 година за вработување на помлад асистент – истражувач во Одделението за физичко-хемиски истражувања во ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид се пријавија 8 (осум) кандидати:

  1. Павлина Сидорова, дипломиран професор по хемија;
  2. Ленче Војнеска, дипломиран инженер технолог;
  3. Силвана Василевска, дипломиран инженер по хемија;
  4. Јордан Чавдаров, дипломиран инженер по хемија;
  5. Олга Поповска, дипломиран инженер по хемија, (Магистер на хемиски науки);
  6. Николина Митреска, дипломиран инженер по хемија;
  7. Ивана Мицковска, дипломиран инженер по хемија;
  8. Николина Трпоска, инженер за преработка на анимални производи.

Биографски податоци

             1.Кандидатот Павлина Сидорова, дипломиран професор по хемија е родена на 10.12.1985 во Охрид, со место на живеење во ул. "Богомилска" 010А. Средно образование завршила Охрид.  Дипломирала на Природно математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, нставна насока на 26.06.2009 година со средна оценка 8,12, при што се стекнал со стручен назив дипломиран професор по хемија.

Работа со копјутери: Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), специјализирани хемиски програми: ChemWin, HyperChem, HMO, Kalzium и интернет програмски пакети.

             2. Кандидатот Ленче Војнеска, дипломиран инженер технолог е родена на 13.03.1977 во Охрид, со место на живеење на ул. Момчило Јорданоски бр. 104А - Охрид. Средно образование завршила во УСО Св. Климент Охридски – Охрид, општа гимназија. Дипломирала на Технолошко-металурчкиот факултет Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Базно органско и полимерно инженерство, на 29.06.2009 година со средна оценка 6,51 при што се стекнала со стручен назив Дипломиран инженер технолог од  базно органско и полимерно инженерство.

Странски јазици: англиски јазик, грчки јазик.

Работа со копјутери: Microsoft Office (Word, Excel), Corel Draw и интернет.

Кандидатот Ленче Војнеска не ги исполнува условите од член 37 од Законот за научно – истражувачката дејност за избор во звање помлад асистент – истражувач заради немање на просечен успех на студиите од најмалку осум (8).

                                                     

3. Кандидатот Силвана Василевска, дипломиран инженер по хемија е родена на 23.06.1981 во Струга, со место на живеење нас. Езерски лозја бр. 32 Струга.  Средно образование завршила во УСО "Нико Нестор"- Струга. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, насока препаративна на 01.02.2006 година, при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по хемија. Дипломимирала со средна оценка 9,56 и тоа како најдобар студент во генерацијата.

Работно искуство:

Млад истражувач, две години на Институтот по хемија во рамките на проектот "Минерали од Македонија".

Професор по хемија, од 2007-2013 година во ПСУ "Петта приватна гимназија" - Скопје

Раководител во ПСУ "Петта приватна гимназија" - Скопје, одделение Струга, од 2009-2010

Администратор и секретар во ПСУ "Петта приватна гимназија" -одделение Струга, од 2010-2012 година.

Странски јазици: англиски и српски јазик.

Работа со копјутери: Microsoft Office Word, Excel, Powe Point, напредно користење на Microsoft Windows и интернет пребарување.

 Научно – истражувачка дејност: P. Makreski, G. Jovanoski, S. Stojanceska, Minerals from Macedonia. XIII. Vibrational spectra of some commonly appearing nesosilocate minerals. J. Mol. Struct., 744-747 (2005) 79-92

Организациски способности: способност за комуникација и тимска работа, способност за прилагодување на променлви работни услови, доверливост, одговорност, амбициозност, рештелност.

         4. Кандидатот Јордан Чавдаров, дипломиран инженер по хемија е роден на 20.05.1980 во Охрид, Р. Македонија, со место на живеење на ул. "Славеј Планина" бр. 22 во Охрид. Средно образование завршил во ДСУ "Нико Нестор" Струга. Дипломирал на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, насока препаративна на 18.10.2006 година со средна оценка 7,26 при што се стекнал со стручен назив дипломиран инженер по хемија.

Научно – истражувачка дејност: учество на конференции, семинари

D. Vikič-Topič, LJ. Pejov, J. Čavdarov, Emil Popovski, Syntesis of some new benzamidomethyl cyanides, XVIII comgress of chemist and technologist of Macedonia, Ohrid (2004), OSB-12.

D. Vikič-Topič, LJ. Pejov, J. Čavdarov, Emil Popovski, Syntesis of some new benzamidomethyl cyanides, XVIII comgress of chemist and technologist of Macedonia, Ohrid 23-25 September 2004.

Lj. Pejov, E. Hey-Hawkins, P. Lӧnnke, J. Čavdarov and Emil Popovski, Syntesis, crystal structure and infrared spectroscopic properties of 4-methyl cyanide. A combined experimental and quantum theoretical study. International Scientific Conference, (2005), Blagoevgrad, Bulgaria, Vol.2, 110-115

Lj. Pejov, E. Hey-Hawkins, P. Lӧnnke, J. Čavdarov and Emil Popovski, Syntesis, crystal structure and infrared spectroscopic properties of 4-methyl cyanide. A combined experimental and quantum theoretical study. International Scientific Conference, Blagoevgrad, Bulgaria, 8-11 June 2005

Z.Zdravkovski, J. Čavdarov, Stopper with Interchangeable Septa for SPME, J. Chem. Educ. 2009, 86, 924.

J. Čavdarov, Z.Zdravkovski, Advantages and limitations of solid phase microextraction (SPME), XVIII Congress of Pure and Applied Chemistry for Macedonian students (with international participation), October 8-10, Skopje, 2009.

Странски јазици: англиски јазик - одличнo.

Работа со копјутери: Microsoft Office, Photoshop, Hyperchem, Gaussian, ACDLABS-ChemSketch.

Кандидатот Јордан Чавдаров не ги исполнува условите од член 37 од Законот за научно – истражувачката дејност за избор во звање помлад асистент – истражувач заради немање на просечен успех на студиите од најмалку осум (8).

5. Кандидатот Олга Поповска, дипломиран инженер по хемија е родена на 02.03.1986 год. во Скопје со место на живеење на Бул. Илинден бр. 87/16, Скопје. Средно образование завршила во ДСУ "Панче Арсовски" – општа гимназија Скопје. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, насока применета, поднасока аналитичко-структурна на 10.07.2008 година со средна оценка 9,24 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по хемија. На 30.12.2011. го брани сојот магистерски труд и се стекнува со научен назив магистер на хемиски науки. Во 2012 година се запишува на докторски студии на Технолошко-металуршкиот факултет, студии по технологија во Скопје.

Работно искуство:

Во периодот од 2009-2011 година работи како демонстратор на Институтот по хемија, на Заводот за органска хемија и биохемија, Универзитет "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Научно-истражувачка дејност:

Објавени трудови:

1. O. Popovska, J. Bogdanov, S. Srbinovska, Assaying diacetyl in sour cream: a complementary spectrophotometric and GC-MS analysis, Yearbook of the faculty of agricultural sciences and food 55 (2010) 105-115.

2. O. Popovska, V. Rafajlovska, Z. Kavrakovski, A review: current analytical methods for determination of ketoconazole in pharmaceutical and biological samples, IJPI's Jpurnal of Analytical Chemistry 3 (2013) 1-14

Презентирани трудови на научни манифестации:

1. O. Popovska, J. Bogdanov,Spectrophotometric determination of diacetyl and aceton in fermented milk products, VIII Congress of Pure and Applied Chemistry of Students from Macedonia (with international participation), 8th-10th October 2009, Skopje, Book of Abstracts, pp 64-65, 2009.

2. O. Popovska, J. Bogdanov, Assaying diacetil in fermented dairy products: a complementary gas chromatographic-mass spectrometric and spectrophotometric analysis, XXI Congres of Chemists and Technologist of Macedonia (with international participation), 23rd-26th September 2010, Ohrid, Book of Abstracts, pp 109, 2010.

3.  O. Popovska, J. Bogdanov, Development of a GC-MS method for the determination of diacetil in fermented milk products, IX Congress of Pure and Applied Chemistry of Students from Macedonia (with international participation), 6th-8th October 2011, Skopje, Book of Abstracts, p. 35, 2011.

Странски јазици: англиски јазик, германски јазик

Работа со копјутери: Microsoft Office, Chem Window, HyperChem, Statgraphics Plus, Bio-Rad Laboratories, GRAMS и интернет.

6. Кандидатот Николина Митреска, дипломиран инженер по хемија е родена на 10.03.1988 год. во Охрид, со место на живеење во нас. Р. Новичиќ бр. 72 Охрид. Средно образование завршила во Гимназија "Св. Климент Охридси" – Охрид. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, насока аналитичка-биохемија на  25.11.2011 година со средна оценка 9,65 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по хемија. Во 2012 година се запишува на постдипломски студии на Природно-математички факултет, при Универзитетот  "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Во 2012 година е прогласена за најдобар студент во редовните четиригодини студии на  ПМФ, студии по хемија (период на студирање 4 години, 1 месец и 24 дена).

Работно искуство:

1. Практикант во биохемиска лабораторија "Дарон"-Охрид (за време на летниот период 2010).

2. Демонстратор на Институтот за хемија на Природно-математички факултет - Скопје -за време на зимскот семестар 2011/2012)

3. Демонстратор на Институтот за хемија на Природно-математички факултет - Скопје -(за време на летниот семестар 2011/2012)

4. Практикант во биохемиска лабораторија во Здравствен Дом-Охрид

5. Демонстратор на Институтот за хемија на Природно-математички факултет - Скопје -(за време на зимскот семестар 2012/2013)

Научно истражувачка работа:

Nikolina Mitreska, Valentin Mirceski, Redox chemistry of ubiquinones in the presence of nucleophilic thiol reagent. Workshop “Sensors” Skopje, Macedonia, 08-12 October, 2012 (Stability Pact for South Eastern Europe Sponsored by Germany).

Nikolina Mitreska, Valentin Mirceski, Redox chemistry of ubiquinones in the presence of nucleophilic thiol reagent.XXII Congres of Chemist and Tehnologists of Macedonia. Skopje 2012

Прва награда за постер презентација на работилницата на тема :“From Molecules to Functionalised Materials” во рамките на проектот Academic Reconstruction of South Eastern Europe, програма: International Master and Postgraduate Programme in Materials Science And Catalysis (MatCatNet), поддржано од DAAD (Германска академска организација за размена на студенти).

Странски јазици: англиски јазик-одлично, српски и хрватски-длично, германски - одлично.

Работа со копјутери: Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), Internet (за комуникација, универзитетски активности, пребарувања), Sirius 1.2, Gel proanalyzer 1.2, Chemwindows.

7. Кандидатот Ивана Мицковска, дипломиран инженер по хемија е родена на 08.02.1989 год. во Охрид, со место на живеење на ул. "Даме Груев" бр. 256/1 во Охрид. Средно образование завршила во Гимназија "Св. Климент Охридси" – Охрид. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за хемија, насока применета хемија, поднасока аналитичко-структурна на  13.11.2012 година со средна оценка 8,28 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по хемија. Во 2012 година се запишува на постдипломски студии на Природно-математички факултет, при Универзитетот  "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, насока применета хемија.

Странски јазици: англиски јазик-одлично, германски - добро.

Работа со копјутери: Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), Internet и ChemWindows.

8. Кандидатот Николина Трпоска, дипломиран инженер по преработка на анимални производи е родена на 10.11.1986 год. во Струга, со место на живеење на ул. "Даме Груев" бр. 194 во Охрид. Средно образование завршила во ДСМУ Др. Јован Калаузи во Битола. Дипломирала на Факултетот за биотехнички науки, Универзитет "Св. Климент Охридски" во Битола, отсек Преработка на анимални производи на  01.07.2009 година со средна оценка 9,16 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по преработка на анмални производи. Во 2010 година се запишува на постдипломски студии на Факултетот за биотехнички науки, Универзитет "Св. Климент Охридски" во Битола.

Работно искуство:

1. Од септември 2010-јули 2013 година работи како стоматолошки асистент во ПЗУ Др.Анита Главинчева Цветаноска, на ул. "Даме Груев" бр. 104 во Охрид.

2. Од мај 2008-октомври 2008 година работи во Хотел Бисер-Струга, активности за деца во хотелски клуб (рекреативни активности за деца).

Странски јазици: англиски, француски и српски јазик.

Работа со копјутери: Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), Internet My Mouth и други апликативни програми.

Кандидатот Николина Трпоска не ги исполнува условите за завршено соодетно високо образование од областа на природните науки - хемија, кои се бараат соконкурсот.

З  А  К  Л  У  Ч  О  К    И    П Р Е Д Л О Г

            Поаѓајќи од горе изнесените податоци презентирани во поднесените пријави, како и од целокупната приложена документација на кандидатите, а во согласност со законските прописи од Законот за научно-истражувачка дејност (Сл. Весник на Р.Македонија бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011 и 80/2012), како и врз основа на Статутот на ЈНУ "Хидробиолошки завод",Рецензентската  комисија со особено задоволство му предлага на Советот на ЈНУ Хидробиолошки заводда го избере кандидатот Силвана Василевска во звање помлад асистент-истражувач во Одделението за физичко-хемиски истражувања. Комисијата смета дека овој кандидат ќе даде солиден придонес и ќе го продолжи континуитетот на научно-истражувачката работа во одделението, односно со интензивна работа и ангажираност кандидатот ќе ги оправда очекувањата во проширувањето и надоградувањето на истражувањата во лабораторијата за физичко-хемиски истражувања на водата, усовршувањето  на  инструменталните техники, како и допринос во работата со целокупната софистицирана опрема со која располага оваа лабораторија.  

Членови на рецензентска комисија:

Д-р Елизабета Велјаноска-Сарафилоска,

научен соработник во ЈНУ Хидробиолоки завод

во Охрид – претседател,с.р.

Проф. Д-р Трајче Стафилов, редовен професор Природно-математички факултет – член, с.р.

Проф. Д-р Момчула Јорданоски, редовен професор 

Ветеринарниот факултет во Битола– член, с.р.

Рецензија за фитопланктон

Објавено: Недела, 15 Март 2015

 РЕФЕРАТ

ЗА ИЗБОР НА ПОМЛАД АСИСТЕНТ - ИСТРАЖУВАЧ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ФИТОПЛАНКТОН ПРИ ЈНУ ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД ОД ОХРИД

Врз основа на конкурсот за вработување на помлад асистент – истражувач во Одделението за фитопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид објавен во дневните весници "Вечер" и "Лајм" на ден 16.07.2013 година, Советот на ЈНУ "Хидробиолошки завод" - Охрид на седницата одржана на 17.09.2013 година донесе Одлукасо број 02-463/3 за формирање на Рецензентска комисија за избор на помлад асистент – истражувач во Одделението за фитопланктон во следниот состав:

  1. Д-р Сузана Патчева, научен советник во Одделението за фитопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид - претседател,
  2. Д-р Соња Трајановска, виш научен соработник во Одделението за хидроботаника во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид – член,
  3. Д-р Дафина Гушеска, научен советник во Одделение за зоопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид – член.

Комисијата постапувајќи по Одлуката ги разгледа поднесените пријави и приложените документи на кандидатите и ги зеде во предвид сите постигнати резултати во досегашниов период и врз основа на тоа го поднесува следниов:

И З В Е Ш Т А Ј

            На распишаниот конкурс објавен во дневните весници "Вечер" и "Лајм" на ден 16.07.2013 година за вработување на помлад асистент – истражувач во Одделението за фитопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид се пријавија 7 (седум) кандидати:

  1. Јовица Лешоски, дипломиран инженер по биологија;
  2. Елена Митреска, дипломиран биолог;
  3. Наташа Чипановска, дипломиран инженер по биологија;
  4. Дијана Тозиевска, дипломиран инженер по биологија;
  5. Татјана Лошкоска, дипломиран инженер по биологија;
  6. Вероника Чиплаковска, дипломиран инженер по биологија;
  7. Маја Попоска, дипломиран инженер по биологија.

Биографски податоци

1.      Кандидатот Јовица Лешоски, дипломиран инженер по биологија е роден на 15.11.1983 во Скопје, со место на живеење во Вевчани бр. 6335. Средно образование завршил во ДСУ "Раде Јовчески Корчагин" ПЕКСНАС – Скопје. Дипломирал на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, Биохемиско - физиолошка насока на 20.03.2007 година со средна оценка 8,53, при што се стекнал со стручен назив дипломиран инженер по биологија. Постдипломски студии запишал  на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, биохемиско - физиолошка насока, со ислушана и оверена втора година и среден успех од положени испити 10,00.

Работно искуство: ЕКО Свест Скопје од 2006 – 2010 како волонтер и учесник во проекти од различни области на биологијата и заштитата на животната средина.

Од 2008 до 2011 бил ангажиран како демонстратор (асистент) на Природно-математички факултет, Скопје на Институтот за биологија на предметите: Систематика на нижи растенија, Биотехнологија и Хидрологија.

Во периодот 2008 – 2013 е управител на приватна фирма, Лајф биомедикалс Вевчани.

Странски јазици: англиски јазик – одлично, француски јазик – средно.

Работа со копјутери: MicrosoftOfficeи интернет програмски пакети.

Обука: За користење и апликација на bbe флуорометри (AlgaeTorch, BenthoTorch, AlgaeLabAnalyser, AlgyeOnline Analyser)

Научно – истражувачка дејност: Има учествувано на меѓународна Конференција со два научни трудови од кои едниот како автор:

Lesoski, J., Zdravevski, N., Krstic, S. (2010): Preliminary results on Cyanobacterial survey on Dojran Lake – the beginning of reveling of the ultimate truth about lakes water quality. Conference on water observation and information system for decision support.Ohrid, Macedonia 25-29 May 2010.  http://www.balwois.com

Zdravevski, N.,Lesoski, J., Krstic, S. (2010): Preliminary results on WFD based monitoring system installed in the Prespa Lake Watershed and focused on Cyanobacteria. Conference on water observation and information system for decision support.Ohrid, Macedonia 25-29 May 2010.  http://www.balwois.com

Проекти: Во периодот 2008 – 2010 бил Претседател на НВО Институт Сонце, Вевчани и раководител на проект "Флора и фауна во Вевчански извориво соработка со Македонско Еколошко Друштво и EURONATUR.

UNDP-GEFproject: Integrated Ecosystems Management in the Prespa Lakes Basin of Albania, FYR-Macedonia and Greece. Учествувал во спроведување и организирање на теренски активности и лабораториски анализи на алголошки материјал.

Програма за следење и изготвување анализа и оценка на квалитетот на површинските и подземните води во Скопската котлина. Проектот е спроведуван од град Скопје во 2012 година.

2.         Кандидатот Елена Митреска, дипломиран биолог е родена на 09.03.1984 во Охрид, со место на живеење на ул. Рашанец бр. 128 Лескоец - Охрид. Средно образование завршила во ДСУ Св. Климент Охридски – Охрид. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, наставна насока на 19.07.2007 година со средна оценка 8,65 при што се стекнала со стручен назив дипломиран професор по биологија.

Работно искуство:

Од јануари 2007 до јули 2007 била ангажиран како демонстратор (асистент) на Природно-математички факултет, Скопје на Институтот за биологија на предметот "Систематика и филогенија на вишите растенија".

Од јануари 2009 до март 2009 во поликлиника "Дарон" – Охрид на Оддел за лабораториски испитувања.

Од 2007 до 2009 во компјутерски центар "Ентер" на продажба на компјутери и администрација.

Странски јазици: англиски јазик – одлично.

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, интернет и софтвер за материјално работење.

                                                          

3.     Кандидатот Наташа Чипаноска, дипломиран инженер по биологија е родена на 08.03.1989 во Охрид, со место на живеење на ул. Илинденска бр. 12 Охрид. Средно образование завршила во ДСУ Св. Климент Охридски – Охрид. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, насока биохемиско - физиолошка на 05.10.2011 година со средна оценка 8,70 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија. Постдипломски студии запишала во 2011 година  на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, биохемиско - физиолошка насока.

Работно искуство:

Април 2012  во Јака 80 – Скопје на контрола на квалитетот.

Од јануари 2012 до март 2012 како волонтер во ординација за стерилитет – Скопје.

Од 01.11 – 23.11.2011 во поликлиника "Дарон" – Охрид, како волонтер.

Од 01.07 – 01.09.2010 во Здраствен дом – Охрид, како волонтер.

Странски јазици: англиски јазик.

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, Outlook, интернет.

4.    Кандидатот Дијана Тозиевска, дипломиран инженер по биологија е родена на 02.06.1988 во Ресен, со место на живеење на ул. Борис Кидрич бр. 37 Ресен и ул. Анастас Митрев бр. 26 Скопје. Средно образование завршила во СМУГС Др. Панче Караѓозов – Скопје. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, насока биохемиско - физиолошка на 09.07.2012 година со средна оценка 8,85 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија.

Обука: Во агенцијата за администрација на Р. Македонија, положен испит за државен службеник.

Странски јазици: англиски јазик - одлично.

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, интернет.

5.    Кандидатот Татјана Лошкоска, дипломиран инженер по биологија е родена на 18.09.1970 во Книн, Р. Хрватска, со место на живеење во с. Подмоље, Охрид. Средно образование завршила во ЦСНО "Св. Климент Охридски" Охрид. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, насока биохемиско - физиолошка на 13.06.1996 година со средна оценка 7,50 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија. Последипломски студии по лимнологија во ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид запишала во 2008 година.

Работно искуство:

2001 – 2003 ПЗО "Цуцулоски" Охрид како биохемичар.

2000 – 2001 Медицински центар Охрид како волонтер во биохемиска лабораторија.

Странски јазици: англиски јазик, германски јазик

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, интернет.

Научно – истражувачка дејност:

Учество во два меѓународни проекти:

§NIVA: Developing Ecological Tools according to the European Water Directive (2009 – 2011).

§NIVA: Climate Change and Invasive Alien Species – growing threats to biodiversity and ecosystem functionality in ancient Lake Ohrid and its watershed (2012 – 2014).

Кандидатот Татјана Лошкоска не ги исполнува условите од член 37 од Законот за научно – истражувачката дејност за избор во звање помлад асистент – истражувач заради немање на просечен успех на студиите од најмалку осум (8).

6.      wКандидатот Вероника Чиплаковска, дипломиран инженер по биологија е родена на 03.11.1989 год. во Кочани, со место на живеење на ул. Задарска бр. 23, Берово. Средно образование завршила во ДСМУ "Др. Панче Караѓозов" – Скопје. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, насока биохемиско - физиолошка на 19.02.2013 година со средна оценка 7,30 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија.

Работно искуство:

Во тек: стажирање во ЈЗУ Институт за Клиничка биохемија – Скопје;

Стажирање во лабораторија за микробиологија и биохемија при Здраствен дом, Берово;

Клиничка лабораторија во во ургентен центар, во лабораторија при клиника за гинекологија во Клинички центар, Скопје, Републички завод за здравствена заштита, Скопје

Странски јазици: англиски јазик, француски јазик – базични познавања

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, интернет.

Кандидатот Вероника Чиплаковска не ги исполнува условите од член 37 од Законот за научно – истражувачката дејност за избор во звање помлад асистент – истражувач заради немање на просечен успех на студиите од најмалку осум (8).

  1. Кандидатот Маја Попоска, дипломиран инженер по биологија е родена на 01.05.1983 год. воОхрид, со место на живеење на ул. Пере Тошев 1-2/10 Охрид. Средно образование завршила во ДСУ "Нико Нестор" – Струга. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, насока биохемиско - физиолошка на 03.06.2008 година со средна оценка 7,18 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија.

Работно искуство:

2011 – 2013:ОУ "Дебарца" с. Белчишта, наставник по биологија и хемија.

2010 – 2011: Поликлиника Дарон, раководител на биохемиска лабораторија.

2010 – Средно училиште "Петта приватна гимназија"  - Струга, професор по биологија.

2009 – 2010: Поликлиника Кардиолаб Маџаров, раководител на биохемиска лабораторија.

2008 – Завод за нефрологија – Струга, волонтер во биохемиска лабораторија.

Странски јазици: англиски јазик.

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, интернет.

Кандидатот Маја Попоска не ги исполнува условите од член 37 од Законот за научно – истражувачката дејност за избор во звање помлад асистент – истражувач заради немање на просечен успех на студиите од најмалку осум (8).

ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ

           

Разгледувајки ја доставената документација од пријавените кандидати, кои ги исполнуваат условите, Рецензентската комисија, го предлага за избор во помлад асистент – истражувач кандидатот Јовица Лешоски, дипломиран инженер по биологија, бидејќи има искуство и познавања од областа на алгологијата и покажува способност за научно истражувачка работа, што се гледа од учеството во научно-истражувачки проекти и објавените научни трудови. Исто така поседува и сертификат за успешна обука на опрема, од која дел ја поседува Одделението за фитопланктон. Комисијата смета дека со тоа кандидатот ќе даде поголем придонес и ќе го продолжи континуитетот на научно-истражувачката работа во тоа Одделение.Врз основа на горенаведеното, а во согласност со Законот за научно-истражувачката дејност,Рецензентската комисија со особено задоволство му предлага на Советот на ЈНУ Хидробиолошки заводда го избере кандидатот Јовица Лешоски во звање помлад асистент - истражувач во Одделението за фитопланктон.

              Членови на рецензентска комисија:

1.                    Д-р Сузана Патчева, научен советник во Одделението за фитопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид - претседател,с.р.

2.                    Д-р Соња Трајановска, виш научен соработник во Одделението за хидроботаника во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид – член, с.р.

3.                    Д-р Дафина Гушеска, научен советник во Одделение за зоопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид – член, с.р.

Рецензија за помлад асистент ципринидна фауна

Објавено: Недела, 15 Март 2015

 РЕФЕРАТ

ЗА ИЗБОР НА ПОМЛАД АСИСТЕНТ - ИСТРАЖУВАЧ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ЦИПРИНИДНА ФАУНА ПРИ ЈНУ ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД ОД ОХРИД

Советот на ЈНУ "Хидробиолошки завод" од Охрид на својата редовна седница одржана на 17.09.2013 година ги разгледа пријавитеза вработување на помлад асистент - истражувач, поднесени по јавниот Конкурс објавен на 16.07.2013 година во дневниот весник „Вечер„ и „Lajm" и врз основа на член 39 став 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 од Законот за научно-истражувачка дејност (Сл. Весник на Р.Македонија бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011 и 80/2012), и Статутот на ЈНУ "Хидробиолошки завод" со Одлука бр. 02-463/1 формира Рецензентска комисија во состав:

  • Д-р Трајче Талевски, научен советник во Одделение за ципринидна фауна, ЈНУ Хидробиолошки завод во Охрид, претседател,
  • Проф. д-р Никола Христовски, редовен професор, Факултет за Биотехнички науки во Битола, во пензија, член,
  • Доц. д-р Драгана Милошевиќ, Универзитет на Црна Гора, Природно-математички факултет, Студиски програм по биологија, Подгорица, член

Комисијата постапувајќи по Одлуката ги разгледа поднесените пријави и приложените документи на кандидатите: Трајчевски Благоја, Парталоска Зорица, Божиновска Евида, Колушески Горан, Силјанов Ѓоко и Костоска Мимоза за вработување помлад асистент - истражувач во Одделението за ципринидна фауна, ги зеде во предвид сите постигнати резултати во досегашниов период и врз основа на сé ова го поднесува следниов:

И З В Е Ш Т А Ј

Кандидатот Трајчески Веско Благоја е роден на 21.10.1989 година во Охрид. Во периодот од 2004 до 2008 година завршил средно образование во ОСУ  "Св. Климент Охридски" во Охрид. Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Инситутот за биологија,биохемиско - физиолошка насока завршил на 28.09.2012 година со средна оценка 8,90 при што се стекнал со стручен назив дипломиран инженер по биологија. Од 01.11.2012 година до 31.12.2012 година волонтира во биохемиската лабораторија при ПЗУ "Дарон" од Охрид. Во прилог на поднесената документација кандидатот Благоја Трајчевски поднесе и Пофалница за постигнат успех на IIIгодина од студиите по биологија, издадена од Инситутот за биологија во 2010/2011 година, како и Пофалница за постигнат успех на студиите по биологија како дипломиран студент, издадена од Инситутот за биологија во 2011/2012 година.

Кандидатот Парталоска (Мурџеска) Тане Зорица е родена на 21.01.1987 година во Струга.  Во периодот 2001-2005 година завршила средно образование во ДСМУ  "Д-р Јован Калаузи" во Битола и се стекнала со звање медицинска сестра. Во периодот 2005-2010 година студира на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Инситутот за биологија, биохемиско-физиолошка насока кои ги завршила на 15.12.2010 година со средна оценка 7,28 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија.

Кандидатот Божиновска (Стојановска) Љупчо Евида е родена на 04.06.1980 година во Ресен каде ја завршил општо јазичнатаѕцццдв гимназија "Цар Самоил". Школувањето го продолжува на Факултетот за биотеннички науки при Универзитетот  "Св. Климент Охридски" во Битола кој го завршила на 20.12.2004 година со средна оценка 6,67 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по преработка на анимални производи.

Кандидатот Колушески Драге Горан е роден на 11.09.1985 година во Охрид. Во периодот 2004-2010 година студира на Природно-математички факултет при Универзитетот Св. "Кирил и Методиј" во Скопје на Инситутот за биологија. Студиска програма биологија, наставна насока завршил на 28.10.2010 година со средна оценка 7,24 при што се стекнал со стручен назив дипломиран професор по биологија. Во Пријавата кандидатот Колушески Горан наведува дека во ЈНУ "Хидробиолошки завод" од Охрид ја изработил својата дипломска работа  "Квалитативно-квантитативни односи на зоопланктонот во Охридското Езеро во тек на летниот период од 2008 година".

Кандидатот Силјанов Блажо Ѓоко е роден на 22.12.1984 година во Кавадарци каде завршил средно образование во гимназијата  "Добри Даскалов". Студира на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Инситутот за биологија, студиска програма биологија - наставна насока која ја завршил на 01.07.2009 година со средна оценка 7,24 при што се стекнал со стручен назив дипломиран професор по биологија. Во периодот од 01.06.2009 година до 01.09.2010 година работи во "Македонското Еколошко друштво" (МЕД) од Скопје на Проект  "Јабланица" и тоа како кординатор на крупен дивеч,  а во истиот период е и учесник во Проект  "Јабланица-нов национален парк". Од 01.09.2010 година работи како професор по биологија во Петта приватна гимназија во Струга на кое работно место работи и сега. Во прилог на поднесената документација кандидатот Силјанов Ѓоко поднесе и Диплома за освоено трето место од областа Систематика - за особен придонес во развојот на научната мисла кај талентираните млади во природните и техничките науки издадена од "Народна техника" на Македонија, Сојуз на Здруженијата на младите истражувачи на Македонија - "Наука на младите",  како и Признание за учество на 48-от државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија како ментор во областа Биологија – систематика.

Кандидатот Костоска Драге Мимоза е родена на 12.11.1985 година во Битола. Дипломирала на Факултетот за биотехнички науки при Универзитетот  "Св. Климент Охридски" во Битола на 07.07.2011 година со средна оценка 6,65 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по преработка на анимални производи. Во прилог на поднесената документација кандидатот Костоска Мимоза поднесе и Уверение за владеење на I степен на Оперативен систем Windows, Интернет, MSOfficeWord, MSOfficeExcel, како и Уверение за владеење на основно (А2) ниво на англиски јазик издадени од трговски друштво за трговијаи услуги за изучување на јазици  "САНРАЈС" ДООЕЛ Охрид. Во пријавата кандидатот Костоска Мимоза наведува дека има три месеци работен стаж во "ИЛС инженеринг" од Битола на позиција асистент на сметководител и шест месеци работен стаж во "Идеал шипка"  на позиција асистент на маркетинг. Освен тоа во Пријавата кандидатот наведува дека во моментов е запишан на доквалификација за професор по биологија и хемија, како и дека е запишан на последипломски студии по "Менаџмент на водни ресурси-растителен и животински фонд".

З  А  К  Л  У  Ч  О  К     И     П  Р  Е  Д  Л  О  Г

            Поаѓајќи од горе изнесените податоци презентирани во поднесените пријави, како и од целокупната приложена документација на кандидатите, а во согласност со законските прописи од Законот за научно-истражувачка дејност (Сл. Весник на Р.Македонија бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011 и 80/2012), како и врз основа на Статутот на ЈНУ "Хидробиолошки завод" Комисијата констатира дека кандидатот Трајчевски Веско Благоја ги исполнува условите за избор во звање помлад асистент - истражувач согласно член 37 став 1 од Законот за научно-истражувачка дејност (Сл. Весник на Р.Македонија бр. 46/2008). Комисијата со особено задоволство му предлага на Советот на ЈНУ Хидробиолошки заводда го избере кандидатот Трајчевски Веско Благоја во звање помлад асистент - истражувач во Одделението за ципринидна фауна со надеж дека во понатамошниот период со интензивна работа ќе ги оправда очекувањата во проширувањето и надоградувањето на ихтиолошката проблематика.

                                              

Членови на рецензентска комисија:

Д-р Трајче Талевски, научен советник

ЈНУ "Хидробиолошки завод" во Охрид, претседател, ср.

Проф. д-р Никола Христовски, редовен професор

Факултет за Биотехнички науки, Битола, во пензија, член, ср.

Доц. д -р Драгана Милошевиќ, ПМФ, Студиски програм  по биологија, Подгорица, Р. Црна Гора, член, ср.