Јаневска: Финансираме истражувања на осум јавни научни установи, вложувањата во наука ни се приоритет
Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари. Меѓу одобрените проекти се Етимолошкиот речник на македонскиот јазик, истражувањата на Охридското езеро, Лексиконот на македонскиот фолклор како и истражувањето на културното наследство на Албанците од Кумановскиот регион. Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека потпишувањето на договорите со јавните научни установи покажува дека оваа Влада и Министерството инвестираат во забрзан развој на науката.
Австралискиот амбасадор, Неговата екселенција Mr. Peter Truswell, во придружба на г-дин Зоран Костовски, почесен конзул на Австралија во Македонија, денес го посети Хидробиолошки завод - Охрид
Австралискиот амбасадор, Неговата екселенција Mr. Peter Truswell, во придружба на г-дин Зоран Костовски, почесен конзул на Австралија во Македонија, денес го посети Хидробиолошки завод - Охрид.
Г-дин Филип Андерсон и г-дин Зоран Костовски, го посетија ЈНУ Худробиолошки завод - Охрид на 20 март 2025 год.
Г-дин Филип Андерсон (Phillip G. Anderson), заменик амбасадор на Австралија од Австралиската амбасада во Белград, во придружба на почесниот конзул од Австралискиот конзулат во Р.С.М., г-дин Зоран Костовски, го посетија ЈНУ Худробиолошки завод - Охрид на 20 март 2025 год.
Завршни сметки за 2024 година
Претседателката на Р.С. Македонија, проф. д-р Гордана Сиљаноска Давкова го посети Хидробиолошки завод, Охрид
На 13.10.2024 година, ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид го посети претседателката на Р.С. Македонија, проф. д-р Гордана Сиљаноска Давкова.
Со претседателката беше разговарано за постигнувањата и капацитетите на Заводот, но и за предизвиците и проблемите со кои тој се соочува во текот на своето егзистирање.
Исто така, се дискутираше и за целокупната состојба со Охридското Езеро и регионот, во поглед на заканите и можните решенија за зачувување на овој уникатен екосистем.
Генерал-мајор Gregory Knight посета на Македонија
Во текот на својата посета на нашата земја, Генерал-мајор Gregory Knight со своите соработници го посети Хидробиолошкиот завод, во Охрид.
Амбасадорката на Шведска во посета на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид
На наша огромна чест и задоволство, Амбасадорката на Шведска во РСМ, нејзината екселенција г-ѓа Ami Larsson Jain, на 25.03.2024 год. го посети Хидробиолошки завод, во рамките на Мрежата за искуствено учење. Во нејзина придружба беше и г-ѓа Патриција ДиЏовани претставник на УНИЦЕФ.
Повеќе: Амбасадорката на Шведска во посета на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид
Проект животна средина
Раководител на проектот: Д-р Елизабета Велјаноска Сарафилоска, научен советник