Значајна донација од ТИКА за ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид

Објавено: Сабота, 20 Декември 2025

Со нескриено задоволство и благодарност, денес го одбележавме свечениот чин на предавање на донацијата од Турската агенција за соработка и координација – ТИКА за ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид во присуство на Претседателката на РСМ проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова и Амбасадорот на Република Турција во РСМ, г-дин Fatih Ulusoy.

Оваа вредна донација ја предаде лично Претседателот на Турската агенција за соработка и координација –ТИКА, г-дин Abdulla Eren.
Само една година по разговорите со Претседателката Сиљановска-Давкова за успесите, но и предизвиците и потребите на Заводот, денес веќе ги гледаме конкретните резултати – и тоа во годината кога одбележавме 90 години постоење и активна научна работа.

Донацијата од Турската агенција за соработка и координација, преку комплетно реновирање и опремување на две важни одделенија: за фотопланктон и зоопланктон, како и донацијата на возило (за нас насушна потреба), но и современ микроскоп, претставува значаен придонес за унапредување на научно-истражувачките капацитети на Хидробиолошкиот завод.

Денес не одбележуваме само предавање на донација, туку израз на доверба во науката и во институциите што се грижат за највредното што го имаме – нашето природно наследство. За нас оваа поддршка значи нов импулс за понатамошна посветена, одговорна и современа научна работа.
Со оваа донација се создаваат услови за уште попрецизни истражувања, подобар мониторинг и поефикасна заштита на Охридското Езеро, но и сите водни тела во нашата земја. Таа е вложување не само во простор и опрема, туку и во знаење, стручност и иднина.

Во име на сите вработени во ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, упатувам искрена благодарност до Турската агенција за соработка и координација – ТИКА за поддршката и вреднувањето на нашата работа, како и до Претседателката на нашата земја за укажаната чест и силната порака дека науката и заштитата на животната средина се национален приоритет.

Денешниот настан за Хидробиолошкиот завод претставува значајна потврда дека научната работа, кога е препознаена и поддржана, добива дополнителна сила и смисла. Оваа поддршка е знак на доверба во луѓето, знаењето и мисијата што ја носиме со децении.

viber image 2025 12 20 19 31 08 794

 

viber image 2025 12 20 19 31 08 809

viber image 2025 12 20 19 31 13 461

viber image 2025 12 20 19 31 13 474

viber image 2025 12 20 19 31 13 482

viber image 2025 12 20 19 31 13 491

viber image 2025 12 20 19 31 13 500

viber image 2025 12 20 19 31 13 509

viber image 2025 12 20 19 31 13 517

viber image 2025 12 20 19 31 13 525

viber image 2025 12 20 19 31 13 532

viber image 2025 12 20 19 31 13 539

viber image 2025 12 20 19 31 13 547

viber image 2025 12 20 19 31 13 554

viber image 2025 12 20 19 31 13 563

viber image 2025 12 20 19 31 13 570

viber image 2025 12 20 19 31 13 577

viber image 2025 12 20 19 31 13 586

viber image 2025 12 20 19 31 13 600

viber image 2025 12 20 19 31 13 608

viber image 2025 12 20 19 31 13 615

viber image 2025 12 20 19 31 13 620

viber image 2025 12 20 19 31 13 629

viber image 2025 12 20 19 31 13 634

viber image 2025 12 20 19 31 13 639

viber image 2025 12 22 08 07 50 424

viber image 2025 12 22 08 07 50 477

viber image 2025 12 22 08 07 50 496

viber image 2025 12 22 08 07 50 510

Фото: Анамарија Момироска