Рецензија за фитопланктон

Објавено: Недела, 15 Март 2015

 РЕФЕРАТ

ЗА ИЗБОР НА ПОМЛАД АСИСТЕНТ - ИСТРАЖУВАЧ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ФИТОПЛАНКТОН ПРИ ЈНУ ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД ОД ОХРИД

Врз основа на конкурсот за вработување на помлад асистент – истражувач во Одделението за фитопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид објавен во дневните весници "Вечер" и "Лајм" на ден 16.07.2013 година, Советот на ЈНУ "Хидробиолошки завод" - Охрид на седницата одржана на 17.09.2013 година донесе Одлукасо број 02-463/3 за формирање на Рецензентска комисија за избор на помлад асистент – истражувач во Одделението за фитопланктон во следниот состав:

  1. Д-р Сузана Патчева, научен советник во Одделението за фитопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид - претседател,
  2. Д-р Соња Трајановска, виш научен соработник во Одделението за хидроботаника во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид – член,
  3. Д-р Дафина Гушеска, научен советник во Одделение за зоопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид – член.

Комисијата постапувајќи по Одлуката ги разгледа поднесените пријави и приложените документи на кандидатите и ги зеде во предвид сите постигнати резултати во досегашниов период и врз основа на тоа го поднесува следниов:

И З В Е Ш Т А Ј

            На распишаниот конкурс објавен во дневните весници "Вечер" и "Лајм" на ден 16.07.2013 година за вработување на помлад асистент – истражувач во Одделението за фитопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид се пријавија 7 (седум) кандидати:

  1. Јовица Лешоски, дипломиран инженер по биологија;
  2. Елена Митреска, дипломиран биолог;
  3. Наташа Чипановска, дипломиран инженер по биологија;
  4. Дијана Тозиевска, дипломиран инженер по биологија;
  5. Татјана Лошкоска, дипломиран инженер по биологија;
  6. Вероника Чиплаковска, дипломиран инженер по биологија;
  7. Маја Попоска, дипломиран инженер по биологија.

Биографски податоци

1.      Кандидатот Јовица Лешоски, дипломиран инженер по биологија е роден на 15.11.1983 во Скопје, со место на живеење во Вевчани бр. 6335. Средно образование завршил во ДСУ "Раде Јовчески Корчагин" ПЕКСНАС – Скопје. Дипломирал на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, Биохемиско - физиолошка насока на 20.03.2007 година со средна оценка 8,53, при што се стекнал со стручен назив дипломиран инженер по биологија. Постдипломски студии запишал  на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, биохемиско - физиолошка насока, со ислушана и оверена втора година и среден успех од положени испити 10,00.

Работно искуство: ЕКО Свест Скопје од 2006 – 2010 како волонтер и учесник во проекти од различни области на биологијата и заштитата на животната средина.

Од 2008 до 2011 бил ангажиран како демонстратор (асистент) на Природно-математички факултет, Скопје на Институтот за биологија на предметите: Систематика на нижи растенија, Биотехнологија и Хидрологија.

Во периодот 2008 – 2013 е управител на приватна фирма, Лајф биомедикалс Вевчани.

Странски јазици: англиски јазик – одлично, француски јазик – средно.

Работа со копјутери: MicrosoftOfficeи интернет програмски пакети.

Обука: За користење и апликација на bbe флуорометри (AlgaeTorch, BenthoTorch, AlgaeLabAnalyser, AlgyeOnline Analyser)

Научно – истражувачка дејност: Има учествувано на меѓународна Конференција со два научни трудови од кои едниот како автор:

Lesoski, J., Zdravevski, N., Krstic, S. (2010): Preliminary results on Cyanobacterial survey on Dojran Lake – the beginning of reveling of the ultimate truth about lakes water quality. Conference on water observation and information system for decision support.Ohrid, Macedonia 25-29 May 2010.  http://www.balwois.com

Zdravevski, N.,Lesoski, J., Krstic, S. (2010): Preliminary results on WFD based monitoring system installed in the Prespa Lake Watershed and focused on Cyanobacteria. Conference on water observation and information system for decision support.Ohrid, Macedonia 25-29 May 2010.  http://www.balwois.com

Проекти: Во периодот 2008 – 2010 бил Претседател на НВО Институт Сонце, Вевчани и раководител на проект "Флора и фауна во Вевчански извориво соработка со Македонско Еколошко Друштво и EURONATUR.

UNDP-GEFproject: Integrated Ecosystems Management in the Prespa Lakes Basin of Albania, FYR-Macedonia and Greece. Учествувал во спроведување и организирање на теренски активности и лабораториски анализи на алголошки материјал.

Програма за следење и изготвување анализа и оценка на квалитетот на површинските и подземните води во Скопската котлина. Проектот е спроведуван од град Скопје во 2012 година.

2.         Кандидатот Елена Митреска, дипломиран биолог е родена на 09.03.1984 во Охрид, со место на живеење на ул. Рашанец бр. 128 Лескоец - Охрид. Средно образование завршила во ДСУ Св. Климент Охридски – Охрид. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, наставна насока на 19.07.2007 година со средна оценка 8,65 при што се стекнала со стручен назив дипломиран професор по биологија.

Работно искуство:

Од јануари 2007 до јули 2007 била ангажиран како демонстратор (асистент) на Природно-математички факултет, Скопје на Институтот за биологија на предметот "Систематика и филогенија на вишите растенија".

Од јануари 2009 до март 2009 во поликлиника "Дарон" – Охрид на Оддел за лабораториски испитувања.

Од 2007 до 2009 во компјутерски центар "Ентер" на продажба на компјутери и администрација.

Странски јазици: англиски јазик – одлично.

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, интернет и софтвер за материјално работење.

                                                          

3.     Кандидатот Наташа Чипаноска, дипломиран инженер по биологија е родена на 08.03.1989 во Охрид, со место на живеење на ул. Илинденска бр. 12 Охрид. Средно образование завршила во ДСУ Св. Климент Охридски – Охрид. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, насока биохемиско - физиолошка на 05.10.2011 година со средна оценка 8,70 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија. Постдипломски студии запишала во 2011 година  на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, биохемиско - физиолошка насока.

Работно искуство:

Април 2012  во Јака 80 – Скопје на контрола на квалитетот.

Од јануари 2012 до март 2012 како волонтер во ординација за стерилитет – Скопје.

Од 01.11 – 23.11.2011 во поликлиника "Дарон" – Охрид, како волонтер.

Од 01.07 – 01.09.2010 во Здраствен дом – Охрид, како волонтер.

Странски јазици: англиски јазик.

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, Outlook, интернет.

4.    Кандидатот Дијана Тозиевска, дипломиран инженер по биологија е родена на 02.06.1988 во Ресен, со место на живеење на ул. Борис Кидрич бр. 37 Ресен и ул. Анастас Митрев бр. 26 Скопје. Средно образование завршила во СМУГС Др. Панче Караѓозов – Скопје. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, насока биохемиско - физиолошка на 09.07.2012 година со средна оценка 8,85 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија.

Обука: Во агенцијата за администрација на Р. Македонија, положен испит за државен службеник.

Странски јазици: англиски јазик - одлично.

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, интернет.

5.    Кандидатот Татјана Лошкоска, дипломиран инженер по биологија е родена на 18.09.1970 во Книн, Р. Хрватска, со место на живеење во с. Подмоље, Охрид. Средно образование завршила во ЦСНО "Св. Климент Охридски" Охрид. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, насока биохемиско - физиолошка на 13.06.1996 година со средна оценка 7,50 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија. Последипломски студии по лимнологија во ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид запишала во 2008 година.

Работно искуство:

2001 – 2003 ПЗО "Цуцулоски" Охрид како биохемичар.

2000 – 2001 Медицински центар Охрид како волонтер во биохемиска лабораторија.

Странски јазици: англиски јазик, германски јазик

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, интернет.

Научно – истражувачка дејност:

Учество во два меѓународни проекти:

§NIVA: Developing Ecological Tools according to the European Water Directive (2009 – 2011).

§NIVA: Climate Change and Invasive Alien Species – growing threats to biodiversity and ecosystem functionality in ancient Lake Ohrid and its watershed (2012 – 2014).

Кандидатот Татјана Лошкоска не ги исполнува условите од член 37 од Законот за научно – истражувачката дејност за избор во звање помлад асистент – истражувач заради немање на просечен успех на студиите од најмалку осум (8).

6.      wКандидатот Вероника Чиплаковска, дипломиран инженер по биологија е родена на 03.11.1989 год. во Кочани, со место на живеење на ул. Задарска бр. 23, Берово. Средно образование завршила во ДСМУ "Др. Панче Караѓозов" – Скопје. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, насока биохемиско - физиолошка на 19.02.2013 година со средна оценка 7,30 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија.

Работно искуство:

Во тек: стажирање во ЈЗУ Институт за Клиничка биохемија – Скопје;

Стажирање во лабораторија за микробиологија и биохемија при Здраствен дом, Берово;

Клиничка лабораторија во во ургентен центар, во лабораторија при клиника за гинекологија во Клинички центар, Скопје, Републички завод за здравствена заштита, Скопје

Странски јазици: англиски јазик, француски јазик – базични познавања

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, интернет.

Кандидатот Вероника Чиплаковска не ги исполнува условите од член 37 од Законот за научно – истражувачката дејност за избор во звање помлад асистент – истражувач заради немање на просечен успех на студиите од најмалку осум (8).

  1. Кандидатот Маја Попоска, дипломиран инженер по биологија е родена на 01.05.1983 год. воОхрид, со место на живеење на ул. Пере Тошев 1-2/10 Охрид. Средно образование завршила во ДСУ "Нико Нестор" – Струга. Дипломирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Институтот за биологија, насока биохемиско - физиолошка на 03.06.2008 година со средна оценка 7,18 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија.

Работно искуство:

2011 – 2013:ОУ "Дебарца" с. Белчишта, наставник по биологија и хемија.

2010 – 2011: Поликлиника Дарон, раководител на биохемиска лабораторија.

2010 – Средно училиште "Петта приватна гимназија"  - Струга, професор по биологија.

2009 – 2010: Поликлиника Кардиолаб Маџаров, раководител на биохемиска лабораторија.

2008 – Завод за нефрологија – Струга, волонтер во биохемиска лабораторија.

Странски јазици: англиски јазик.

Работа со копјутери: MicrosoftOffice, интернет.

Кандидатот Маја Попоска не ги исполнува условите од член 37 од Законот за научно – истражувачката дејност за избор во звање помлад асистент – истражувач заради немање на просечен успех на студиите од најмалку осум (8).

ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ

           

Разгледувајки ја доставената документација од пријавените кандидати, кои ги исполнуваат условите, Рецензентската комисија, го предлага за избор во помлад асистент – истражувач кандидатот Јовица Лешоски, дипломиран инженер по биологија, бидејќи има искуство и познавања од областа на алгологијата и покажува способност за научно истражувачка работа, што се гледа од учеството во научно-истражувачки проекти и објавените научни трудови. Исто така поседува и сертификат за успешна обука на опрема, од која дел ја поседува Одделението за фитопланктон. Комисијата смета дека со тоа кандидатот ќе даде поголем придонес и ќе го продолжи континуитетот на научно-истражувачката работа во тоа Одделение.Врз основа на горенаведеното, а во согласност со Законот за научно-истражувачката дејност,Рецензентската комисија со особено задоволство му предлага на Советот на ЈНУ Хидробиолошки заводда го избере кандидатот Јовица Лешоски во звање помлад асистент - истражувач во Одделението за фитопланктон.

              Членови на рецензентска комисија:

1.                    Д-р Сузана Патчева, научен советник во Одделението за фитопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид - претседател,с.р.

2.                    Д-р Соња Трајановска, виш научен соработник во Одделението за хидроботаника во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид – член, с.р.

3.                    Д-р Дафина Гушеска, научен советник во Одделение за зоопланктон во ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид – член, с.р.