Одделение за салмонидна фауна, применето рибарство и аквакултура
Од самото основање на Институтот во 1935 година, мрестилиштето и растилиштето за пастрмски видови со капацитет од 5 милиони зрна икра, ларви и подмладок на една од ендемските пастрмки од Охридското Езеро (Salmo letnica, Karaman 1924) се вклучени како аквакултурна активност за порибување на Езерото. Во периодот од осум децении во рамките на овој процес се развивани различни пристапи и унапредување од аспект на заштита (конзервација) и реставрација на слатководни видови риби; бројот на оплодени зрна икра и одгледан подмладок варирал до 16 милиони на средно годишно ниво. Во одделни периоди овој број надминувал и 20 милиони. До 2004 година уловените матици за вештачки мрест во просечен износ од 25 тони завршуваа на пазарот. Од 2005 година Охридското Езеро се порибува со 2,5 милиони единки подмладок на возраст од 9 месеци по оплодување на икрата, сите уловени матици се враќаат во водите на Езерото по принципот „фати пушти“ со докажување за нивниот опстанок по пат на соодветно нивно маркирање.
По однос на развивање на процесот за вештачко оплодување на природните популации пастрмки, имплементирани се различни техники: криопрезервација на сперматозоиди, ласерски третман на сперматозоидите оплодените и неоплодени зрна икра, вкрстување и т.н. Исто така, изведено е и култивирање на ендемичната охридска белвица (Salmo ohridana, Steind.1892), но од аспект на конзервација на биодиверзитетот овој процес не е стандардно применет за порибување на Езерото.
Покрај активностите врзани за мрестилиштето и растилиштето други одговорности на Одделението за салмонидна фауна, применето рибарство и аквакултура (ОПРА) се: популациона екологија на рибите, антропогено влијание (промени во стаништата и нивна реставрација во езера и реки, влијание на загадувањето – тешки метали, пестициди – како и влијанието на риболовот), генетска радијација, хибридизација – природна и индуцирана за комерцијални цели, конзервација на видови, мониторинг на рибни популации и рибарството, риболовни основи и стратегии и т.н.
ОПРА е есенцијална единица за регистрираниот репроцентар за диви слатководни видови риби во Р.Македонија. Од друга страна, Хидробиолошкиот институт од Охрид е Овластена Институтција од областа на рибарството, што вклучува секој вид на рибарство во отворените води (езера, реки и акумулации), како и контрола и супервизија на рибници. Мрестилиштето и одгледувачките инсталации опфаќаат 1200 m2 и 500 m2 експириментални базени.
Истражувачкиот 12 метарски комплетно опремен брод се користи за реализација на вештачкиот мрест (колекционирање на икрата и нејзино оплодување). Главни цели (активности): - Традиционален вештачки мрест на охридската пастрмка (Програма за порибување на Охридското Езеро со подмладок од охридска пастрмка од 1935 година)
- Конзервација и реставрација на ендемски и загрозени видови пасртмки (S. ohridana, S. typicus, S. aphelios, S. peristericus, S. macedonicus и т.н.)
- Криопрезервација и ласерска индукција - Пестициди и тешки метали во ткива на риби
- Риболовни основи (заштита и искористување) на рибни фондови во истечните води и езера во Македонија: определување на вкупно дозволен улов по видови риби, минимална дозволена должина на рибите, определување на мерки за заштита
- Конзервација и запазување на рибите на прекугранично ниво
- Екосистемски приод на рибарството
- Мониторинг на рибите и рибарството
- Развој на аквакултура и пренесување на знаење