Erasmus+

Објавено: Петок, 21 Август 2020

erasmus

hio photoСо прифаќањето на проектот “Јакнење на образовните капацитети за менаџмент со ризиците од ненативните акватични видови во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора)” (Educational Capacity Strengthening for Risk Management of Non-native Aquatic Species in Western Balkans (Albania, Bosnia and Herzegovina and Montenegro)/RiskMan, Хидробиолошки институт стана и официјално партнер институција во Конзорциумот кој ќе го спроведува проектот во наредните две години.

Проектот е финансиран во рамките на КА-2 Еразмус програмата, преку повикот EAC/A02/2019.

Основната цел на проектот RiskMan е зајакнување на образовниот капацитет за управување со ризиците од ненативните водни видови во регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора) преку промовирање наедукација на засегнати страни и студенти од високото образование и стимулирање на соработка помеѓу целните земји.

Специфичните цели на проектот се:

● Унапредување на вештините, во системот за високо образование, за управување соненативни акватични видови кај земијите партнери на проектот во согласност со меѓународните директиви дадени од ФАО, ИУЦН и стратегиите за соработка на Европската унија;

● Поддршка на земјите-партнери за решавање на предизвиците со кои се соочуваат нивните институции за високо образованиекои се однесуваат на управување со ненативните акватични видови, вклучувајќи проценка на ризик, учество на засегнатите страни,планирање и управување со објекти и индустрии за аквакултура;

● Поддршка преку модернизација и интернационализација на практиките што се применуваат во управувањето со ризиците од ненативните акватични видови во аквакултура, риболов и трговија со аквариуми во земјите-партнери на Западен Балкан;

● Промовирање на комуникација и свесност на засегнатите страни (студенти, работници во аквакултурата и туризмот)за заканата од ненативните видови врз биолошката разновидност;

● Промовирање на доброволно приближување со развојот на ЕУ во високото образование и рибарската индустрија со цел подобра за соработка меѓу партнерите на конзорциумот за справување и менаџмент на ненативните акватични видови;

● Развивање на модел за управување со ризиците од ненативните водни видови за Западен Балкан.

Конзорциумотна проектот RiskManсесостоиод 11 партнериод 7 различниземјикоиќеработатзаедново насока на развојнаединствена платформазасновананаиницијативата за граѓанска наукаштоќесекористивоБалканскиотрегионкакопочетнаточказавклучувањедругиуниверзитети, агенции, меѓународниилинационалниинституции. Сите овие институции ќе можат да ја користат платрформата како алатка за понатамошно промовирање на проблемот со инвазивни и ненативни видови, но истовремено и како корисен инструментза справување и управувањесо ненативните и инвазивни видови. Запрвпат, проектотвклучувасоработкапомеѓуневладините организации, јавноста иприватниинституции на национално и регионално Балкански полуостров) ниво.

Покрај Хидробиолошки институт, како партнер во проектот е и невладината организација за екологија, Екоменлог од Охрид.

ecomenlog
mugla

Реализацијата на проектот ќе се одвива под раководство на експертската група од универзитетот во Мугла, Република Турција, предводена од Д-р Даниела Гиането.