Рецензија за помлад асистент ципринидна фауна

Објавено: Недела, 15 Март 2015

 РЕФЕРАТ

ЗА ИЗБОР НА ПОМЛАД АСИСТЕНТ - ИСТРАЖУВАЧ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ЦИПРИНИДНА ФАУНА ПРИ ЈНУ ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД ОД ОХРИД

Советот на ЈНУ "Хидробиолошки завод" од Охрид на својата редовна седница одржана на 17.09.2013 година ги разгледа пријавитеза вработување на помлад асистент - истражувач, поднесени по јавниот Конкурс објавен на 16.07.2013 година во дневниот весник „Вечер„ и „Lajm" и врз основа на член 39 став 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 од Законот за научно-истражувачка дејност (Сл. Весник на Р.Македонија бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011 и 80/2012), и Статутот на ЈНУ "Хидробиолошки завод" со Одлука бр. 02-463/1 формира Рецензентска комисија во состав:

  • Д-р Трајче Талевски, научен советник во Одделение за ципринидна фауна, ЈНУ Хидробиолошки завод во Охрид, претседател,
  • Проф. д-р Никола Христовски, редовен професор, Факултет за Биотехнички науки во Битола, во пензија, член,
  • Доц. д-р Драгана Милошевиќ, Универзитет на Црна Гора, Природно-математички факултет, Студиски програм по биологија, Подгорица, член

Комисијата постапувајќи по Одлуката ги разгледа поднесените пријави и приложените документи на кандидатите: Трајчевски Благоја, Парталоска Зорица, Божиновска Евида, Колушески Горан, Силјанов Ѓоко и Костоска Мимоза за вработување помлад асистент - истражувач во Одделението за ципринидна фауна, ги зеде во предвид сите постигнати резултати во досегашниов период и врз основа на сé ова го поднесува следниов:

И З В Е Ш Т А Ј

Кандидатот Трајчески Веско Благоја е роден на 21.10.1989 година во Охрид. Во периодот од 2004 до 2008 година завршил средно образование во ОСУ  "Св. Климент Охридски" во Охрид. Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Инситутот за биологија,биохемиско - физиолошка насока завршил на 28.09.2012 година со средна оценка 8,90 при што се стекнал со стручен назив дипломиран инженер по биологија. Од 01.11.2012 година до 31.12.2012 година волонтира во биохемиската лабораторија при ПЗУ "Дарон" од Охрид. Во прилог на поднесената документација кандидатот Благоја Трајчевски поднесе и Пофалница за постигнат успех на IIIгодина од студиите по биологија, издадена од Инситутот за биологија во 2010/2011 година, како и Пофалница за постигнат успех на студиите по биологија како дипломиран студент, издадена од Инситутот за биологија во 2011/2012 година.

Кандидатот Парталоска (Мурџеска) Тане Зорица е родена на 21.01.1987 година во Струга.  Во периодот 2001-2005 година завршила средно образование во ДСМУ  "Д-р Јован Калаузи" во Битола и се стекнала со звање медицинска сестра. Во периодот 2005-2010 година студира на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Инситутот за биологија, биохемиско-физиолошка насока кои ги завршила на 15.12.2010 година со средна оценка 7,28 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по биологија.

Кандидатот Божиновска (Стојановска) Љупчо Евида е родена на 04.06.1980 година во Ресен каде ја завршил општо јазичнатаѕцццдв гимназија "Цар Самоил". Школувањето го продолжува на Факултетот за биотеннички науки при Универзитетот  "Св. Климент Охридски" во Битола кој го завршила на 20.12.2004 година со средна оценка 6,67 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по преработка на анимални производи.

Кандидатот Колушески Драге Горан е роден на 11.09.1985 година во Охрид. Во периодот 2004-2010 година студира на Природно-математички факултет при Универзитетот Св. "Кирил и Методиј" во Скопје на Инситутот за биологија. Студиска програма биологија, наставна насока завршил на 28.10.2010 година со средна оценка 7,24 при што се стекнал со стручен назив дипломиран професор по биологија. Во Пријавата кандидатот Колушески Горан наведува дека во ЈНУ "Хидробиолошки завод" од Охрид ја изработил својата дипломска работа  "Квалитативно-квантитативни односи на зоопланктонот во Охридското Езеро во тек на летниот период од 2008 година".

Кандидатот Силјанов Блажо Ѓоко е роден на 22.12.1984 година во Кавадарци каде завршил средно образование во гимназијата  "Добри Даскалов". Студира на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Инситутот за биологија, студиска програма биологија - наставна насока која ја завршил на 01.07.2009 година со средна оценка 7,24 при што се стекнал со стручен назив дипломиран професор по биологија. Во периодот од 01.06.2009 година до 01.09.2010 година работи во "Македонското Еколошко друштво" (МЕД) од Скопје на Проект  "Јабланица" и тоа како кординатор на крупен дивеч,  а во истиот период е и учесник во Проект  "Јабланица-нов национален парк". Од 01.09.2010 година работи како професор по биологија во Петта приватна гимназија во Струга на кое работно место работи и сега. Во прилог на поднесената документација кандидатот Силјанов Ѓоко поднесе и Диплома за освоено трето место од областа Систематика - за особен придонес во развојот на научната мисла кај талентираните млади во природните и техничките науки издадена од "Народна техника" на Македонија, Сојуз на Здруженијата на младите истражувачи на Македонија - "Наука на младите",  како и Признание за учество на 48-от државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија како ментор во областа Биологија – систематика.

Кандидатот Костоска Драге Мимоза е родена на 12.11.1985 година во Битола. Дипломирала на Факултетот за биотехнички науки при Универзитетот  "Св. Климент Охридски" во Битола на 07.07.2011 година со средна оценка 6,65 при што се стекнала со стручен назив дипломиран инженер по преработка на анимални производи. Во прилог на поднесената документација кандидатот Костоска Мимоза поднесе и Уверение за владеење на I степен на Оперативен систем Windows, Интернет, MSOfficeWord, MSOfficeExcel, како и Уверение за владеење на основно (А2) ниво на англиски јазик издадени од трговски друштво за трговијаи услуги за изучување на јазици  "САНРАЈС" ДООЕЛ Охрид. Во пријавата кандидатот Костоска Мимоза наведува дека има три месеци работен стаж во "ИЛС инженеринг" од Битола на позиција асистент на сметководител и шест месеци работен стаж во "Идеал шипка"  на позиција асистент на маркетинг. Освен тоа во Пријавата кандидатот наведува дека во моментов е запишан на доквалификација за професор по биологија и хемија, како и дека е запишан на последипломски студии по "Менаџмент на водни ресурси-растителен и животински фонд".

З  А  К  Л  У  Ч  О  К     И     П  Р  Е  Д  Л  О  Г

            Поаѓајќи од горе изнесените податоци презентирани во поднесените пријави, како и од целокупната приложена документација на кандидатите, а во согласност со законските прописи од Законот за научно-истражувачка дејност (Сл. Весник на Р.Македонија бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011 и 80/2012), како и врз основа на Статутот на ЈНУ "Хидробиолошки завод" Комисијата констатира дека кандидатот Трајчевски Веско Благоја ги исполнува условите за избор во звање помлад асистент - истражувач согласно член 37 став 1 од Законот за научно-истражувачка дејност (Сл. Весник на Р.Македонија бр. 46/2008). Комисијата со особено задоволство му предлага на Советот на ЈНУ Хидробиолошки заводда го избере кандидатот Трајчевски Веско Благоја во звање помлад асистент - истражувач во Одделението за ципринидна фауна со надеж дека во понатамошниот период со интензивна работа ќе ги оправда очекувањата во проширувањето и надоградувањето на ихтиолошката проблематика.

                                              

Членови на рецензентска комисија:

Д-р Трајче Талевски, научен советник

ЈНУ "Хидробиолошки завод" во Охрид, претседател, ср.

Проф. д-р Никола Христовски, редовен професор

Факултет за Биотехнички науки, Битола, во пензија, член, ср.

Доц. д -р Драгана Милошевиќ, ПМФ, Студиски програм  по биологија, Подгорица, Р. Црна Гора, член, ср.