Одделение за физичко-хемиски истражувања

Објавено: Четврток, 28 Јули 2016

elizabeta veljanoska

д-р Елизабета Велјаноска-Сарафилоска
виш научен соработник

silvana vasilevska

Силвана Василевска
помлад асистент-истражувач

Одделението за физичко-хемиски истражувања ги проучува физичко-хемиските карактеристики на копнените водни екосистеми (природни води, реки, акумулации), рибници, водоводни мрежи и др. Во почетоците на Одделението се работеле следниве физичко-хемиски параметри: температура, мирис, вкус, боја, проѕирност, количина на растворен кислород, биохемиска потрошувачка на кислород, хемиска потрошувачка на кислород, киселост и базичност на водата, тврдина на водата, присуство на азот и фосфор, хлориди и сулфати, железо и манган, суспендирани материи од органско и неорганско потекло и други. Хемиските показатели даваат добри сознанија за квалитетот на природните води поради што во практика најмногу се користат. Во последно време, со развојот на индустријата и климатските промени се јавува потреба од анализа на разновидни други токсични соединенија и радиоактивни материи, како што се резистентните органски загадувачи (органохлорни пестициди) и тешки метали присутни во водата, седиментот, почвата, растителниот и животинскиот свет.

Денес, на Одделението се воведуваат нови параметри и современи методи за нивно одредување со цел да се следи и заштити животната средина. За анализа на различни примероци oдделението располага со софистицирана опрема, како инструмент за гасна хроматографија, инструмент за течна хроматографија, инструмент за вкупен органски јаглерод, инструмент за атомска емисиона спектрометрија и други. Нутриентното оптоварување на водата се одредува спектрофотомериски (спектрофотометар UV-VIS модел SP-8001 и SPECORD 10 (Zeiss)). Голем дел од работата на Oдделението се одвива на терен со автоматизирани теренски апарати.

Во Одделението моментално се вработени д-р Елизабета Велјаноска-Сарафилоска, виш научен соработник и Силвана Василевска, помлад асистент-истражувач.